Свет
Кој ќе победи во овој германски град, тој ќе ја води Германија – правило кое важи од 1953 година
Партијата чиј директен кандидат победува во округот Пинеберг, северно од Хамбург, назначува и канцелар на Германија, тоа е правило кое важи од парламентарните избори во 1953 година, а би можело да се покаже и на претстојните избори на кои се одлучува дали Социјалдемократската партија (СПД) и Олаф Шолц, како што покажува истражувањето, или ЦДУ / ЦСУ и Армин Лашет да ја предводат новата влада.
Ралф Штегнер, кој се бори директно пред СПД во тој град, очекува и овојпат да се потврди правилото на Пинеберг. Неговата победа сака, пред ЦДУ, да ја спречи Мајкл фон Аберкорн, кој во 2017 година во Пинеберг освои 39,7 проценти од гласовите.
„ Се борам за директна победа, а со тоа и за германската влада предводена од ЦДУ“ вели тој, потсетувајќи на праксата дека партијата што победува во Пинеберг именува канцелар, без оглед дали е прва или втора на федерално ниво.
Така беше, на пример, во 1976 година, кога Хелмут Кол од ЦДУ победи на изборите, но Хелмут Шмит од СПД остана канцелар.
Имено, во тоа време, Рајнхард Уберхорст од СПД победи во Пинеберг.
Претходно, во 1953 година, кандидатот на ЦДУ Вилхелм Голхаген победи во Пинеберг, и тогаш канцеларот стана шеф на синдикалецците Конрад Аденаур. Исто така, во 1965 година, Ролф Бремер од ЦДУ победи во Пинеберг, а ЦДУ го назначи за канцелар Лудвиг Ерхард.
Четири години подоцна, Ханс Улрих Бренд од СПД победи во Пинеберг, а Вили Брант стана канцелар на тие избори.
Инаку, според досегашното истражување на институтот „Инса“, кандидатот на СПД, Штегнер води во областа Пинеберг со повеќе од три проценти предност.
В недела, на парламентарните избори, ќе се покаже дали анкетите погодиле и дали „правилото на Пинеберг“ е пример што го потврдува првилото и предвидува кој ќе ја предводи Германија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.