Свет
Кремљ: Путин нема профили на социјалните мрежи
Рускиот претседател Владимир Путин нема време за социјални мрежи и тој е против тоа некој да управува со неговите профили наместо него, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Одговарајќи на прашања на рускиот Источен економски форум, Песков рече дека претседателот Путин нема личен профил на социјалните мрежи и дека причината е недостигот на време за такво нешто, пренесе „Тасс“.
„Претседателот Путин не сака профилите на социјалните мрежи да ги управува некој друг во негово име бидејќи смета дека тоа не би било правилно“, додаде Песков.
Тој исто така нагласи дека Кремљ, руската влада и одредени министерства се во обид да го прошират своето присуство на социјалните платформи, како и да ги подобрат напорите кон таа цел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.