Свет
Крокодили избегаа од фармa во Јужнoафриканска Република, издадено предупредување
Непознат број крокодили се на слобода откако избегаа од фарма во Јужнoафриканска Република, соопштија владините агенции за зачувување на биолошката разновидност.
„Младите крокодили, долги од 1,2 до 1,5 метар, избегаа низ жичената ограда недалеку од градот Бонивале во провинцијата Западен Кејп во средата“, изјави Петро ван Рајн, портпаролка на владината агенција за зачувување на биодиверзитетот „Кејп нејчр“, пренесува агенцијата ДПА.
Dozens of crocodiles escape farm in South Africahttps://t.co/rFQG4kwARS pic.twitter.com/fyZvId66wn
— Upshot Reports (@upshotreports) March 4, 2021
„Кејп нејчр“ ги предупреди жителите да се држат настрана од реката Бри додека не бидат фатени сите крокодили.
„Тие се очигледно многу, многу опасни. Тоа се диви животни иако биле чувани во заробеништво. На луѓето не им е дозволено да им приоѓаат и тие треба да се држат настрана од реката додека сите не бидат фатени“, рече Ван Рајн.
„Кејп Нејчр, заедно со сопственикот на фармата, околните сопственици на земјиштето и полицијата почнаа масовна потрага по крокодилите“, додаде таа.
Досега се пронајдени 27 крокодили, а непознат број сè уште се на слобода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.