Свет
Куба се надева дека ќе произведе 100 милиони дози од вакцината против Ковид-19
Куба се надева дека годинава ќе произведе 100 милиони дози од својата вакцина против коронавирусот и ќе ја вакцинира целата популација, најави директорот на Институтот „Финлеј“, кој управува со два од четирите проекти за вакцина, кои се во фаза на клинички студии.
„Имаме капацитет да произведеме 100 милиони дози од ‘соберане 2’, која е најнапредниот кандидат за кубанска вакцина“, изјави Висенте Верес пред новинарите додавајќи дека фазата на производство е веќе почната.
Според него, ако сè оди како што треба, целото население на Куба ќе биде вакцинирано оваа година.
„Во февруари ќе почнеме клиничко испитување на педијатриската популација, така што вакцината може да се примени и на деца“, рече тој.
Целта е да се почне општа вакцинација на Кубанците во првата половина на годината. Вакцината ќе биде бесплатна, но не и задолжителна. Верес рече дека ќе им биде понудена и на туристите.
Куба има четири кандидати за вакцини: „соберана 1 и 2“, „абдала“ и „мамбиса“, сите во фаза на клинички испитувања. Првите три се даваат со инјекција, четвртата е спреј за нос.
Доколку некоја од нив добие конечно одобрување, тоа ќе биде првата вакцина против Ковид-19 направена и произведена во Латинска Америка.
Иако неодамна се зголеми бројот на случаи, Куба останува една од најмалку погодените земји од пандемијата во нејзиниот регион со вкупно 19.122 заболени и 180 смртни случаи. Во Куба живеат 11,2 милиони жители.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.