Свет
Курц: Да се прекинат пристапните преговори со Турција
По повод состанокот на врвот на ЕУ и турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, австрискиот канцелар, Себастијан Курц, го повтори својот став дека ЕУ треба да ги прекине пристапните преговори со Анкара.
„Критериумите за пристапување не се исполнети и поради тоа пристапните преговори со Турција мораат да бидат прекинати“, истакнал Себастијан Курц за германскиот дневник „Велт“.
Од истата причина, како што рекол Курц, треба повторно да се размисли за финансиската помош, која била предвидена во вредност од 4,45 милијарди евра за период од 2014 до 2020 година.
„Турција, сепак, останува важен стратешки партнер на ЕУ со која треба да постои соработка во рамки на концептот за соседство“, оценува Курц.
Тој пред два месецa го критикуваше и почетокот на воената офанзива на Турција во Сирија, чија цел се курдските сили. Според Курц, на Сирија конечно ѝ е потребен мир наместо понатамошни воени акции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.