Европа
Курц му праќал бакнежи на секретарот, во телефон откриени експлицитни фотографии
СМС-аферата не престанува да ја тресе Австрија.
Медиумите дојдоа до голем број пораки што канцеларот Себастијан Курц наводно ги разменил со поранешниот секретар во Министерството за финансии, Томас Шмид, што поттикна на многубројни шпекулации за нивниот меѓусебен однос.
Шмид му испратил порака на Себастијан Курц во која го замолува да му вети дека ќе има вистинска моќ на новото работно место, а не само церемонијална улога.
„Добиваш сè што ќе посакаш“, му одговорил Курц.
can’t stop thinking abt this news report like HELLO “du kriegst eh alles was du willst ???” pic.twitter.com/Ti83LDSfce
— sir jazz the fish (@swagjazzswag) April 7, 2021
„Пресреќен сум… го сакам мојот канцелар“, му напишал Шмид.
Се чини дека нивната преписка била многу блиска, па пронајдени се и пораки со бакнежи, што канцеларот наводно ги упатил до секретарот. Во телефонот на Томас Шмид се пронајдени околу 2.500 експлицитни фотографии, пишува „Блик“.
Јавноста со денови шпекулира за она што е напишано во пораките што беа откриени откога, по аферата „Ибица“, истрагата продолжи против другите членови на Партијата на слободата на Австрија (ФПО) на Штрахе, но и Народната партија на Австрија (ОВП) на Себастијан Курц.
Der “neue Stil” ist nichts anderes als Postenvergabe und der Freunderlwirtschaft.
Thomas Schmid soll die Ausschreibung für seinen Job zumindest mitgestaltet haben und Aufsichtsräte ausgesucht haben.
“Kriegst eh alles was du willst”, versichert Kanzler Sebastian Kurz.#ÖVP pic.twitter.com/8P61t61AgV
— mobika stewart (@MobikaStewart) April 11, 2021
Одземен му е мобилниот телефон на Шмид, во кој, според „Суедојче цајтунг“, наводно, сè било избришано, но форензичарите сепак успеале да ги пронајдат пораките, меѓу кои се и оние што ги разменил со канцеларот. Тие пораки, според медиумите, треба да бидат доказ за тоа како секое назначување завршува на самиот врв на власта.
Во преписката наводно се гледа како Курц му испраќа порака на Шмид: „Ќе добиеш сè што ќе посакаш“, покрај кои има три емотикони што испраќаат бакнеж. Шмид одговори: „Многу сум среќен. Го сакам својот канцелар“. Неколку недели по размената на овие пораки во јавнота, се појави аферата „Ибица“.
Покрај пораките, како што пренесува „Блик“, во службениот телефон на Шмид се пронајдени околу 2.500 експлицитни фотографии, на кои се гледа машки полов орган.
Обвинителството испитува од каде се фотографиите, но исто така испитува и како доказите од истрагата се обелодениле во јавноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русија и се закани на Полска
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков се закани дека Русија ќе ги таргетира нуклеарните оружја и објектите на НАТО, доколку тие бидат распоредени во Полска. Тој рече дека заедничките нуклеарни мисии на НАТО во близина на руската граница се сметаат за закана за нејзината безбедност, пренесува руската државна агенција ТАСС.
„Да не кажам ништо за трајно распоредување, за што зборуваат жешките глави во Варшава. Затоа сите оние политичари кои разговараат за таква опција во Полска и во странство треба да разберат: соодветните капацитети неизбежно ќе бидат цел. Тие ќе бидат први на список на нашето воено планирање“, се закани тој.
Полска во понеделникот објави дека е подготвена да прифати нуклеарно оружје на своја територија доколку НАТО, чиј член е, одлучи да го зајакне своето источно крило бидејќи Русија распоредува ново оружје во Калининград и Белорусија.
„Доколку нашите сојузници одлучат да распоредат нуклеарно оружје на наша територија како дел од дистрибуцијата на нуклеарно оружје за да ја зајакнеме безбедноста на источното крило на НАТО, ние сме подготвени на тоа“, изјави Анджеј Дуда за весникот Факт.
„Војната меѓу Русија на Владимир Путин и НАТО би завршила со неизбежен пораз на Москва“, изјави денеска полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски.
„Ние, Западот, не треба да се плашиме од конфликт со Путин, туку обратно“, рече Сикорски за време на говорот во Сејм, Долниот дом на полскиот парламент. Сикорски додаде дека рускиот воен и економски потенцијал „бледи во споредба со оној на Западот“, бидејќи НАТО има три пати повеќе воен персонал, три пати повеќе воздушен персонал и четири пати повеќе бродови од Русија.
Европа
Писториус: Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за војната во Украина
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус тврди дека Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за да ја продолжи својата специјална воена операција во Украина.
Во интервју за телевизијата „АРД“, тој беше прашан дали го дели стравот на балтичките земји дека Русија ќе може да ја нападне територијата на НАТО за неколку години, тој одговори дека нема кристална топка за да ја предвиди иднината, пренесе ТАСС.
„Но, она што го велат воените експерти и специјалистите за оружје е дека Русија го зголемува производството на оружје“, рече тој.
Писториус истакна дека поголемиот дел од произведеното не се испраќа на фронт, туку оди во магацини. Според германскиот министер за одбрана, во случај на ескалација ќе биде вклучено целото НАТО.
„Во тој случај треба да можеме да се одбраниме, да водиме војна која ќе ни биде наметната. Затоа не штедиме напори за соодветно опремување на вооружените сили во Европа, во НАТО“, додаде тој.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.