Свет
Кучето што учествуваше во нападот врз Ал-Багдади ќе биде гостин во Белата куќа
Кучето на американската армија, кое стана симбол на успешниот напад врз лидерот на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдади, ќе биде гостин во Белата куќа следната недела, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.
Во понеделникот американскиот претседател објави фотографија од кучето, кое американската војска го пофали за неговите неверојатни услуги за време на нападот, во кој Багдади неодамна изврши самоубиство во Сирија.
Генералот Марк Мили изјави дека кучето, белгиски овчар, е полесно повредено во нападот и додаде дека неговото име не е откриено од безбедносни причини.
Трамп рече дека кучето ќе биде гостин во Белата куќа и во медиумите потврди дека тоа го добило името Конан.
„Конан ќе го напушти Блискиот Исток и ќе дојде во Белата куќа следната недела“, рече Трамп, кој е еден од ретките американски претседатели, кој нема куче во Белата куќа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Драма во Америка: во куќа пронајдени тела на пет лица, меѓу нив и деца
Телата на пет лица, меѓу кои и две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција.
Получникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите биле семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува „Ен-би-си њуз“.
Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.
Полицијата беше испратена во дом на 20-ина милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека таму се наоѓаат телата, рече Најт.
Според него, на сите тела имало повреди, кои изгледале како да се работи за убиство.
Свет
Швајцарија ги замрзна руските средства во вредност од 5,8 милијарди франци
Швајцарија го замрзна рускиот имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, објави денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (SECO).
Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.
Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е значително помала отколку на крајот на 2022 година кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци, пренесува „Ројтерс“.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски Котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и горанската делница на автопатот А6 Риека – Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.