Свет
Лавров ги критикува американските потези кон Венецуела пред разговорите со Помпео
САД спроведуваат кампања без преседан за соборување на легитимните венецуелски власти, вели рускиот министер за надворешни работи Серјгеј Лавров, пренесува РТ. Тој истакна дека е типично за Вашингтон да им каже на нациите дека водат војна, но и дека американските намери се добри.
„Обидите да изнудат промена на власта во Каракас немаат ништо заедничко со демократскиот процес и тие само ги поткопуваат изгледите за политичко решение“, рече Лавров на заедичката прес-конференција со својот венецуелски колега Хорхе Ареаца во Москва.
Тој објасни дека кампањата без преседан во Вашингтон за соборување на легитимната влада е грубо кршење на меѓународното право.
„За САД е специфично дека со децении ја проектираат моќта објаснувајќи дека носат добро, демократија и заштита на човековите права на државите против кои водат војна“, рече Лавров.
Лавров инсистира дека судбината на Венецуела треба да биде одлучена и создадена само од нејзиниот народ и дека сите политички сили во земјата треба да бидат вклучени во дијалогот.
Ареаца, за возврат, ѝ се заблагодари на Москва за поддршката на суверенитетот на Венецуела и на меѓународното право.
Повикот на Лавров до САД и нивните сојузници во однос на Каракас доаѓа пред неговата средба со државниот секретар Мајк Помпео во Финска денеска, на која се очекува да разговараат за ситуацијата во Венецуела и за други жаришта на светот.
„Соработката меѓу Русија и САД може да игра многу значајна и позитивна улога во решавањето на повеќето прашања ако ја градиме оваа соработка врз принципот на изнаоѓање заеднички пристап“, рече Лавров прекорувајќи го Вашингтон за често нудење еднострани решенија.
Тој истакна дека и покрај несогласувањата за Сирија, Авганистан, Северна Кореја и за други жешки точки, Москва и Вашингтон одржуваат консултации за овие прашања на многу професионално ниво.
„Се надевам дека ќе преовлада здравиот разум“, рече Лавров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.