Свет
Лавров им се „заблагодари“ на Американците што му дадоа виза
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, им се „заблагодари“ на Соединетите Држави за издавањето на неговата виза за присуство на 74. седница на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.
„Среќен сум што имав можност да се сретнеме во Њујорк. Среќен сум што добив американска виза на крајот, за разлика од членовите на мојата делегација“, рече Лавров на почетокот на трилатералната средба за Сирија на маргините на Генералното собрание на ООН.
Претседателот на Комитетот за меѓународни односи на Советот на Руската Федерација, Константин Косачев, претходно изјави за ТАС С дека 10 члена на руската делегација, вклучително и самиот тој, не добиле визи за Соединетите Dржави и затоа не можат да учествуваат во Генералното собрание на ООН.
Обединетите нации ја проверуваат состојбата со неиздавање визи на САД на руската делегација, а канцеларијата на генералниот секретар потсети дека Соединетите Држави, како земја домаќин на Обединетите нации, се должни да им издаваат визи на претставниците на државите за да присуствуваат на состаноците во светската организација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.