Свет
Лавров: Набргу ќе договориме датум за разговор за размена на затвореници со САД
Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, ќе му предложи на американскиот колега време за телефонски разговор за размена на затвореници. Ова го изјави Лавров за време на посетата на Узбекистан, каде што потврди дека Москва ја поддржува политиката една Кина алудирајќи на Тајван.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД ѝ дале значајна понуда на Русија за ослободување двајца Американци, американската кошаркарска ѕвезда Бритни Гринер и поранешниот маринец Пол Вилан.
Гринер е во притвор од средината на февруари кога беше обвинета за шверц на дрога во Русија кога нејзиниот багаж беше претресен на аеродромот во Москва. Таа се соочува со 10 години затвор, а судењето за поседување дрога е во тек. Таа игра во професионална лига во Русија, а во САД не е кошаркарска сезона.
Вилан беше уапсен во декември 2018 година и обвинет за шпионажа, а потоа беше осуден на 16 години затвор. Тој беше во земјата за да присуствува на свадба, а Гринер се врати во својот руски тим. Во замена, според неколку извори, рускиот трговец со оружје Виктор Бут би можел да биде ослободен од американскиот затвор.
Лавров на прес-конференцијата рече дека разговорите за размена на затвореници траат од самитот во Женева минатата година кога претседателите Владимир Путин и Џо Бајден се договорија да назначат официјални лица што ќе се занимаваат со ова прашање.
„Моето министерство не е вклучено во тоа, допрва ќе слушам што има да каже Блинкен“, рече Лавров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Дел од вулкан се заканува да падне и да предизвика цунами: во тек голема евакуација во Индонезија
Жителите кои живеат на индонезискиот остров Сулавеси денеска се евакуирани поради опасност од ширење пепел, исфрлање карпи, жежок вулкански облак и потенцијално цунами, пренесе АП.
Властите наредија повеќе од 11.000 луѓе да ги напуштат своите домови, но досега тоа го направиле само околу 1.000 луѓе.
Indonesia volcano erupts, prompting local evacuations
📹: FRANCE 24 English
💻: Tan Wee Guan
🎶: Envato#borneobulletin #southeastasia #asean #sulawesi #Indonesia #mountruang #volcano #erupts #prompting #local #evacuations #video #viral pic.twitter.com/ytfqTkjqKm— Borneo Bulletin (@borneo_bulletin) April 19, 2024
Меѓународниот аеродром во градот Манадо, кој се наоѓа на помалку од 100 километри од вулканот Маунт Руанг, останува затворен поради вулканската пепел во воздухот.
Сателитските снимки од Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика покажуваат дека пепелта се проширила на запад, северозапад, североисток и југоисток, покривајќи ги Манадо и Северна Минахаса.
„Продолжуваме да го следиме развојот на ситуацијата по ерупцијата на Руанг и работиме во координација со релевантните актери, со цел да се предвидат активности за да се овозможи безбедност и удобност во воздушниот сообраќај“, рече шефот на регионалниот аеродром.
🕵️♂️#Indonesia is on alert for more eruptions of remote 🌋 volcano. pic.twitter.com/A5hO49fPBX
— talk•time (@zoominfire2) April 19, 2024
Официјалните лица стравуваат дека дел од вулканот може да пропадне во морето и да предизвика цунами, што се случи за време на ерупцијата на тој вулкан во 1871 година.
Во средата, Маунт Руанг имаше најмалку пет силни ерупции, што го натера Центарот за вулканологија и проценка на геолошки ризик да издаде највисоко ниво на тревога.
На граѓаните им беше кажано да останат најмалку шест километри подалеку од вулканот висок 725 метри.
Индонезија, архипелаг од острови, дом на околу 270 милиони луѓе, има 120 активни вулкани.
Свет
Се истражува случајот со жената што донесе мртовец во банка за да подигне кредит, стинаа резултатите од обдукцијата
Бразилската полиција уапси жена осомничена дека донела во банка мртов маж за кој велела дека ѝ е вујко за да подигне кредит.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како жена на шалтерот на банката „Итау“ во Рио де Жанеиро му ја крева главата на постар маж во инвалидска количка и се обидува да му стави пенкало во раката.
Од полицијата рекоа дека осомничената се обидувала да земе кредит во износ од 3.000 долари, кој банката веќе ѝ го одобрила, но било потребно одобрение и од вујкото. Мажот од видеото не реагирал на барањата на жената. Додека се обидувала да му го даде пенкалото, неговата рака се спуштала, а главата му паѓала назад, пишува Си-ен-ен.
„Вујко, слушаш, мораш да потпишеш. Ако не потпишеш, нема шанси. Не можам да потпишам јас, мораш ти. Ајде не прави проблем, направи го тоа“, се слуша како му вели жената. Еден од вработените во банката во тој момент рекол дека постарата личност, најверојатно, не се чувствува добро.
Шефот на цивилната полиција во Рио де Жанеиро, Фабио Луис Соуза, изјави дека вработените во банката потоа решиле да повикаат брза помош. Кога пристигнале болничарите, утврдиле дека човекот бил мртов неколку часа. Полицијата води истрага и се обидува да утврди каква е точно поврзаноста на осомничената и починатиот маж, а засега не е поведено обвинение.
Адвокатот на семејството го демантира полицискиот извештај:
„Работите не испаднаа така. Човекот беше донесен жив во банката. Мојата клиентка е целосно потресена, зема лекови“, рече тој.
Обдукцијата откри нови детали
Бразилскиот медиум „Метрополес“ добил извештај од обдукцијата што укажува дека смртта на мажот била предизвикана од бронхоаспирација и срцева слабост. Утврдено е и дека бил неисхранет.
„Таквите податоци ги потврдуваат некроскопските наоди за неисхранетост и бронхоаспирација. Претходните срцеви заболувања исто така придонеле за смртта“, се вели во извештајот.
Судскиот совет ги чека резултатите од дополнителното испитување за да се утврди дали мажот бил отруен.
„Бизнис-инсајдер“ известува дека експертот што ја потпишал прелиминарната форензичка анализа заклучил дека нема доволно докази за да се заклучи дали Пауло починал на пат кон или внатре во банката или, пак, починал пред тоа.
Меѓутоа, обдукцијата покажала дека згрутчувањето на крвта во неговиот врат сугерирало дека тој умрел легнат.
Адвокатот и натаму тврди дека неговата клиентка е невина, а нагласува и дека има сведоци. Истрагата продолжува.
Свет
ЕУ и Кина повикаа на воздржаност на Блискиот Исток
Кина објави дека се противи на каква било ескалација на тензиите на Блискиот Исток.
„Кина се противи на какви било активности што би можеле дополнително да ги ескалираат тензиите“, изјави денеска Лин Џијан, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.
Реагираше и со претседатката на Европската комисија, Фон дер Лајен.
Таа ги повика Иран, Израел и нивните сојузници да се воздржат од ескалација на ситуацијата на Блискиот Исток.
„Апсолутно е неопходно регионот да остане стабилен и сите страни да се воздржат од понатамошни активности“, рече Урсула фон дер Лајен.
Претходно утрово, светските медиуми објавија дека Израел го нападнал Иран и дека се слушнале три експлозии во близина на воена база во централниот град Исфахан.
Сепак, засега нема официјални информации од двете држави за тоа што се случувало.