Свет
Лавров пречекан со традиционално јадење со кисело млеко
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, е во работна посета на Монголија.
На аеродромот во Улан Батор рускиот дипломат беше пречекан со традиционално јадење со кисело млеко наречено арул, кое личи на суво сирење. Веднаш по излегувањето од авионот, Лавров бил пречекан од девојки во национални носии, кои му понудиле да проба традиционално монголско јадење.
Лавров во текот на денот ќе разговара со шефот на монголското МНР, Батмун Батчег.
Се очекува министрите детаљно да разговараат за клучните прашања од билатерално значење, како и за текот на исполнувањето на договорите на повисоки нивоа за натамошен развој на соработката во трговско-економската, транспортно-инфраструктурната, енергетската и хуманитарната област, како и зајакнување на меѓусебната соработка на меѓународната сцена и во регионалните прашања.
Покрај тоа, Лавров ќе биде примен и од највисокото политичко раководство во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Стивен Сигал ги посети жртвите од терористичкиот напад во Москва
Актерот Стивен Сигал ги посети жртвите од терористичкиот напад во градското собрание Крокус во предградието на Москва, соопшти прес-службата на Министерството за здравство на Русија.
Сегал рече дека нападот е „страшна трагедија што не требаше да се случи“.
„Мислам дека Русија ќе послужи како пример и дека светот ќе разбере дека тоа не може да се направи на ниту една нација и да остане неказнето“, рече тој, пренесува РИА Новости.
Свет
Почина Џо Либерман, долгогодишен демократски сенатор во американскиот Конгрес
Џо Либерман, долгогодишен демократски сенатор во американскиот Конгрес од државата Конектикат и поранешен кандидат за потпретседател на САД, почина во средата на 82-годишна возраст.
Семејството на политичарот соопшти дека Либерман починал поради компликации предизвикани од падот, пренесува американскиот портал Политико.
Тој беше првиот еврејски кандидат на гласачкото ливче на големите американски партии, во 2000 година со претседателскиот кандидат Ал Гор.
Едно од неговите најголеми наследства е учеството во формирањето на Министерството за внатрешна безбедност по терористичките напади од 11 септември 2001 година.
Подоцна, во 2004 година, тој неуспешно се обиде да стане претседателски кандидат на Демократската партија, бидејќи демократите го сметаа за „премногу близок со републиканците“, според Политико.
Од политиката се повлече во 2012 година, а последен пат се врати во 2023 година како претставник на организацијата „Без етикети“, која на Американците требаше да им обезбеди трета опција, покрај Републиканската и Демократската партија.
Свет
Дупка од 10 метри голтна автомобили во Рим, полицијата ја затвори улицата
Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобили среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.
Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила, Дачија и Рено, завршиле во дупка, пренесува Телеграф.
Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.
Се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.
Не се знае дали има повредени во инцидентот.