Свет
Лавров се сретна со Ким Jонг Ун во Пјонгјанг, му подари „кутија за тајни“
Севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун го прими денес во својата резиденција во Пјонгјанг шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој е во посета на севернокорејската престолнина за разговори чија цел е поддршка на дијалогот меѓу двете Кореи и за деескалацијата на Корејскиот Поуостров, пренесува „Раша тудеј“.
Лавров внесе малку неизвесност во средбата со Ким кога му подари кутија,оставајќи ги присутните да се прашуваат што има во неа.
„Тука можеш да ги заклучиш тајните,“ рускиот дипломат рече со насмевка давајќи му го на Ким клучот за кутијата.
Лавров е првиот претставник на Русија кој се сретнува со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, пренесуваат руските медиуми.
„Дури и ако одделни Руси од администрацијата се виделе со Ким Јонг Ун, Лавров е првиот државник кој официјално се сретнува со Ким“, изјави еден од членовите на руската делегација.
Лавров и Ким ветија дека ќе направат сѐ што можат за да продолжат мировните преговори за „одврзување“ на корејскиот јазол. Следната средба би можела да биде во Москва, а Лавров го покани Ким Јонг Ун да ја посети Русија.
„Би биле среќни доколку дојдете да нѐ посетите“, кажа Лавров, а Ким за возврат испрати поздрав до рускиот претседател Владимир Путин.
За време на својата посета Лавров се сретна и со својот севернокорејски колега Ри Јонг Хо. Шефот на руската дипломатија предупреди дека конечната цела за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров не може да се постигне сѐ додека санкциите против Пјонгјанг се на сила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.