Европа
Ланска изјава на напаѓачот од Виена: „Во ИД се приклучив за да имам подобар живот“
Дваесетгодишникот, кој во понеделникот вечерта пукаше кон луѓе што седеа пред ресторан и во минувачи во центарот на Виена и во терористичкиот напад уби четири и рани повеќе од 20 лица, потекнува од нормално семејство, сведочеше денеска неговиот поранешен адвокат.
Според сопственото сведочење на судењето во 2019 година и според неговиот адвокат, виенскиот напаѓач ја гледал терористичката организација Исламска држава како негов билет за независен живот.
Кујтим Фејзулаи, чии родители се од тетовско Челопек, беше убиен од полицијата по извршувањето смртоносен напад во центарот на Виена.
Фејзулаи и неговиот пријател минатата година биле осудени на 22 месеца затвор за врски со Исламската држава.
Фејзулаи тогаш пред судот во Виена изјавил дека никогаш не се чувствувал дискриминиран во Австрија, но дека имал други мотиви да патува во странство и да се обиде да им се придружи на борците на Исламската држава, објави во текот на тогашното судење виенски „Дер стандард“.
„Сакав да побегнам од дома“, рекол тој тогаш. „Очекував подобар живот. Мој сопствен дом, моја плата“.
Фејзулаи и неговиот пријател се заинтересирале за Исламската држава за време на пубертетот, објави тогаш „Дер стандард“.
Во таа пригода самиот тој изјавил дека бил радикализиран во џамија од почетокот на 2016 година.
Двајцата првин се обиделе да отпатуваат за Кабул, но планот не успел кога откриле дека ја немаат потребната виза за влез. Во септември 2018 година Фејзулаи сам ја напуштил Австрија и заминал за Турција во надеж дека ќе ѝ се приклучи на Исламската држава во соседна Сирија. Два дена по пристигнувањето во Турција, тој бил уапсен и екстрадиран во Австрија.
Фејзулаи бил осуден во април 2019, но бил ослободен на условно во декември истата година.
Според неговиот поранешен адвокат, тој бил во контакт со невладина организација специјализирана за дерадикализација на исламистички екстремисти, која ја одобрила неговата интеграција во општеството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Писториус: Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за војната во Украина
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус тврди дека Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за да ја продолжи својата специјална воена операција во Украина.
Во интервју за телевизијата „АРД“, тој беше прашан дали го дели стравот на балтичките земји дека Русија ќе може да ја нападне територијата на НАТО за неколку години, тој одговори дека нема кристална топка за да ја предвиди иднината, пренесе ТАСС.
„Но, она што го велат воените експерти и специјалистите за оружје е дека Русија го зголемува производството на оружје“, рече тој.
Писториус истакна дека поголемиот дел од произведеното не се испраќа на фронт, туку оди во магацини. Според германскиот министер за одбрана, во случај на ескалација ќе биде вклучено целото НАТО.
„Во тој случај треба да можеме да се одбраниме, да водиме војна која ќе ни биде наметната. Затоа не штедиме напори за соодветно опремување на вооружените сили во Европа, во НАТО“, додаде тој.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.