Свет
Лекарите во Вухан работат во пелени за да не одат во тоалет
Лекарите во кинескиот град Вухан, од каде изби епидемијата на коронавирусот, носат заштитни одела и по девет часа, иако прописите наложуваат оделата да не се носат подолго од четири часа за време на карантин, но тоа е зашто немаат доволно заштитни маски ниту одела.
Лекарите во првата линија на борбата против вирусот се соочени со големи проблеми – мораат да лекуваат сè поголем број пациенти, а се наоѓаат под голем ризик и самите да се заразат поради големиот недостиг на заштитни маски и друга заштитна опрема.
Уморени и со намален број персонал, медицинските работници секоја недела добиваат илјадници нови пациенти во Вухан.
Многу лекари морале да прегледуваат заразени лица без заштита, а дел од истата заштитна опрема се користи повеќепати, иако морале редовно да ја менуваат.
Некои од лекарите дури работат со пелени, за да не мораат да се пресоблекуваат и така ќе можат да ги носат подолго заштитното одело и маската, пренесува АФП. Еден лекар во болницата во Вухан изјавил дека најмалку 16 негови колеги добиле симптоми на коронавирусот.
„Како лекари не сакаме да работиме заразени, но моментално нема кој да нè замени“, изјави еден од лекарите.
Заменик-градоначалникот на Вухан изјавил дека во градот дневно недостигаат 56.000 маски и 41.000 заштитни одела. И тој потврдил дека лекарите се користат со различни методи за да избегнат често менување на заштитните одела, дека носат пелени, максимално се редуцирани количините на вода за пиење и што поретко одат во тоалет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.