Свет
Лекарите во Јужна Кореја бараат да се прекине со вакцинацијата против грип поради смртта на 13 лица
Здружението на лекари во Јужна Кореја ја повика владата итно да ја прекине вакцинацијата на милиони граѓани со вакцина против грип, бидејќи починале 13 лица што ја примиле вакцината.
Иницијативата за вакцинација против грип се појави затоа што експертите веруваа дека може да спречи компликации доколку се заболи од коронавирус. Затоа властите одлучија да подготват бесплатни дози за 19 милиони граѓани. Сепак, овој план најверојатно ќе биде запрен откако 13 лица починаа откако беа вакцинирани, вклучително и 17-годишен тинејџер, пренесува РТ.
Процесот на вакцинација претходно беше запрен три недели откако беше утврдено дека околу пет милиони дози, кои според протоколот мора да се чуваат во фрижидер, се чувале на собна температура сè додека не се транспортирале до медицинските установи. Вакцинацијата започна повторно на 13 октомври, но никој од починатите не ја примил „спорната вакцина“.
Директорот на Здружението на лекари, Чои Дае Зип, изјави дека кампањата за задолжителна вакцинација треба да се прекине додека не се провери дали сите вакцини се исправни.
Корејските власти, пак, тврдат дека нема докази дека смртта на пациентите на кој било начин е поврзана со вакцината против грип.
Министерот за здравство, Парк Ноунг-хо, призна дека луѓето се загрижени заради вакцината, но рече дека програмата ќе продолжи.
Прелиминарната истрага покажа дека шест смртни случаи во никој случај не биле поврзани со примањето на вакцината. Откако продолжи програмата за вакцинација, околу 8,3 милиони Корејци примија вакцина против грип, а пријавени се околу 350 случаи на несакани ефекти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека „постои ризик Европа да умре“ за време на говорот на Универзитетот Сорбона во Париз.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува Ројтерс.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.
Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Илја Јевлаш, во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил „Искандер-К“, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на „Телеграм“ гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија украинските железници „Укрзализница“ на „Телеграм“.