Свет
Лидерот на Крим: Едно лице загина во експлозиите во близина на руската воена база
Прорускиот лидер на анектираниот украински полуостров Крим Сергеј Аксјонов изјави дека едно лице загинало како последица на експлозиите во близина на руската воена воздухопловна база.
Локалните власти соопштија и дека во експлозиите се повредени пет лица.
Очевидци изјавија за „Ројтерс“ дека околу 15:20 часот по локално време одекнале најмалку 12 експлозии од правец на воздушната база Саки на руската армија во близина на Новофјодорвка, на западниот брег на Крим. Последната експлозија била најгласна.
Руското Министерство за одбрана тврди дека биле активирани неколку магацини со воздухопловна муниција, но не кажа што ги предизвикало експлозиите. Москва, за разлика од проруските власти на Крим, тврди дека во експлозиите нема повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.