Свет
Линчот, конечно, стана криминал – Бајден потпиша закон
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, го потпиша првиот федерален закон со кој линчот го третира како злосторство од омраза, со што го реши историскиот проблем со расистичките убиства во САД, пренесува „Хина“.
Законот дозволува гонење линч опишан како заговор за извршување злосторство од омраза, што резултира со смрт или сериозна повреда.
Законот е именуван по Емет Тил, 14-годишно момче со темна кожа, кое беше брутално убиено во 1955 година во Мисисипи. Белата порота потоа ослободи двајца белци, кои подоцна го признаа убиството. Ова го привлече вниманието на нацијата кон злосторствата и насилството со кои се соочуваат црнците во Америка предизвикувајќи гнев кај поборниците за човекови права.
Потпретседателката на САД, Камала Харис, исто така го понуди законот кога беше сенатор од Калифорнија, а потпишувајќи го законот вчера, таа рече дека претседателот Бајден се занимавал со незавршена работа и ужас во американската историја.
Законот помина едногласно во Сенатот и во Претставничкиот дом со 422 гласа „за“ и три „против“.
This afternoon, I’m signing the long overdue Emmett Till Antilynching Act into law — making lynching a federal hate crime. Living up to our founding principles as a nation means coming to terms with the sins of our past. Today, we take another step toward that more perfect union.
— President Biden (@POTUS) March 29, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.