Европа
Лукашенко: Ако некој ја нападне Русија, Белорусија влегува во војна
Доколку западните земји извршат агресија против Русија, Белорусија ќе влезе во војна, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко.
„Во случај некој да се обиде да ја нападне Русија преку Белорусија или во близина на белоруските граници, нашата армија од 60-65 илјади војници ќе влезе во војна. Според одредбите на договорот за колективна безбедност и договорот за државна унија, Западот е во нашата зона на одговорност“, рече Лукашенко за руските медиуми, а пренесе агенцијата „Тасс“.
„Доколку се случи таков напад од запад, север или југ, ние веднаш ќе обезбедиме помош за Русија“, заклучи белорускиот претседател.
Минатиот месец Лукашенко му нареди на белоруското Министерство за одбрана внимателно да ги следи движењата на силите на НАТО во Полска и Литванија и да ја подигне борбената готовност на повисоко ниво во единиците што ги контролираат западните граници на Белорусија.
Набргу потоа, на 19 август, белорускиот министер за одбрана, Виктор Крењин, нареди пограничната армиска област Гродно да се зајакне со единици за тактички ракети, ракетни батерии со повеќе цевки, беспилотни летала и противвоздушни ракетни системи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.