Свет
Лукашенко до Вашингтон: Ако не доведете до работ на бездната – ќе одговориме!
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска изјави дека на Белорусија не ѝ е потребна војна, туку дека Американците ја притискаат сами.
„Донесовме безбедност во регионот. Отсекогаш сме биле ценети поради тоа“, рече Лукашенко, пренесува РИА Новости.
Тој праша зошто Белорусија е претставена како „агресор“ и оцени дека обидите за притисок и заканите од САД го покажуваат „менторски тон“ на Вашингтон кон Минск.
„Буквално пред еден ден вниманието ми го привлече заканувачката позиција на американскиот Стејт департмент. Дојдоа кај нашите дипломати во Њујорк и ни се заканија: Ако им го дозволите тоа на Путин и Русија, тогаш ќе воведеме санкции. Ако ѝ го вратите нуклеарното оружје на Белорусија, тоа и тоа ќе биде“, рече Лукашенко.
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека Белорусија ќе одговори доколку Западот сака да ја доведе до работ на бездната.
„За нас не може да биде полошо. Ако сакате да не доведете до работ на бездната, знаете како ќе одговориме на тоа“, посочи Лукашенко, пренесува РИА Новости.
Зборувајќи за ситуацијата во регионот, претседателот на Белорусија рече дека нема да биде полесно и дека Белорусија ќе мора да ги брани своите граници.
„Знаеме како да го направиме тоа и ќе го направиме“, истакна Лукашенко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица
Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.
Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.
На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.
Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.