Свет
Луксембуршкиот шеф на дипломатија го нарече Салвини фашист
Шефот на дипломатијата на Луксембург, Жан Аселборн, во неделата си го навлече гневот на италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, по жестоката полемика околу илегалните мигранти во која го обвини италијанскиот министер дека користи фашистички методи од ‘30-тите години, пренесува „Локал“.
„Стојам зад тоа што го реков. Тоа беше пресметана провокација“, изјави Аселборн за „Шпигел“ викендот.
Аселборн и Салвини прво се судрија во петокот на министерскиот состанок во Виена кога Салвини ги нарече африканските мигранти „робови“. На тоа Аселборн бесно му одговори дека на Европа ѝ се потребни мигрантите зашто популацијата на континентот старее.
„Во Италија сметаме дека треба да им помогнеме на нашите деца да имаат повеќе деца, а не да ги увезуваме овие нови робови за да ги заменат децата што ги немаме“, рече Салвини, на што Аселборн одговори:
„Во Луксембург имаме десетици илјади Италијанци! Тие дошле како мигранти за да работат во Луксембург за вие во Италија да имате пари за вашите деца“, додаде тој.
Луксембуршкиот министер потоа го нарече Салвини фашист, по што следеше вербална војна преку медиумите, во која италијанскиот министер му одговори во неделата велејќи дека сака Италија да ја чува за Италијанците и дека Луксембург може да ги прими сите мигранти.
„Социјалистичкиот министер на даночниот рај Луксембург, откако ги спореди нашите италијански претци емигранти со денешните илегални мигранти, сега ми одреди и титула фашист. Ако Луксембург толку ги сака мигрантите нека ги прибере сите, бидејќи во Италија веќе ги има премногу“, одговори Салвини на „Твитер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.