Свет
Макрон: Африканските жени би избрале да родат помалку деца ако имаат пристап до образование
Африканските жени да имаат сопствен избор за бременост и поголем пристап до образование и планирање на семејство, порача францускиот претседател Емануел Макрон. Тој истакна дека голем број африкански жени би избрале да имаат помали семејства, односно да родат помалку деца доколку имаат поголем пристап до образование и планирање семејство.
Макрон, кој наиде на остри критики поради неговите погледи кон Африка во минатото, нагласи дека иднината на младите луѓе на овој континент мора да биде тие да останат во ревитализирана Африка и инсистира на тоа дека е чиста глупост да им се сугерира на африканските луѓе од Њујорк што да прават со нивните животи.
„Едно од критичните прашања за демографијата на Африка е тоа дека не се работи за сакана бременост“, рекол Макрон, кој додал: „Јас секогаш кажувам: Претстави ми ја жената што одлучила, била перфектно образована, да има седум, осум или девет деца. Ве молам, претставете ми ја младата девојка што одлучила да го напушти училиштето на 10 години за да се омажи на 12“.
Според Макрон, причината за тоа е дека многу девојчиња некогаш не се соодветно образовани, како што вели тој, бидејќи овие држави одлучуваат правата на овие девојки да не бидат исти како правата на младите момчиња.
„Тоа не е прифатливо“, порача Макрон.
Францускиот претседател истакна дека 63 отсто од неедуцираните возрасни луѓе денеска се жени.
Неговиот говор беше и силна одбрана на мултикултурализмот и повик за
постојните поствоени институции да бидат радикално реформирани за да се исполнат промените на природата на економската и политичката моќ, пренесува „Гардијан“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Апсења во Пакистан по снимка во која брат ја убива сестрата, таткото гледал сè
Пакистанската полиција уапси татко и брат откога видеото од провинцијата Пенџаб, на кое брат ја дави својата сестра додека таткото гледа, стана вирална, соопштија официјални лица.
Настанот предизвика шок и бес во нацијата, која се бори со бранот насилство врз жените. 22-годишна девојка била убиена од својот брат додека таткото гледал, а непознато трето лице го снимило злосторството, изјави за ДПА претставникот на локалната полиција, Рана Акмал.
Инцидентот се случил во градот Тоба Тек Синг минатата недела. Семејството ја закопало жената тврдејќи дека умрела од колера.
И таткото и братот ѝ кажале на полицијата дека со години ја силувале жената и ја убиле за да го скријат своето злосторство, изјави полицискиот службеник Мохамед Имран.
Се спроведуваат рации за апсење на лицето, кое наводно го снимило злосторството.
Регион
Родителите на двегодишната Данка во полиција во Бор: мајката одбила полиграф
Родителите на исчезнатата двегодишна Данка Илиќ се донесени во полициската станица во Бор, објави „Телеграф.рс“.
Тие не се осомничени, но со нив се врши информативен разговор.
Ивана и Милош вчера дадоа исказ во присуство на Центарот за социјална работа.
Како што објави српски „Телеграф“, мајката го одбила полиграфскиот тест бидејќи е бремена.
„Девојчето Данка Илиќ сè уште не е пронајдено. Апелираме до сите луѓе да не објавуваат информации што не се проверени. Со тоа се нарушува и се загрозува истрагата, во која е инволвиран и Одделот за криминалистичка полиција“, изјавиле за „Телеграф.рс“ од српската полиција.
Регион
Дачиќ: Србија не е експериментално тело па на неа постојано да се крши меѓународното право
Министерот за надворешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека е срамно што Комитетот за политички прашања на Советот на Европа (СЕ) ја прифати препораката дека Косово ќе биде примено во Советот на Европа, и дека е спротивно на сите принципи на кои почива таа организација и посочи дека Србија не е „експериментално тело“ па на неа постојано да се крши меѓународното право.
„Првпат се препорачува членство на територија која не е меѓународно признаена, која не е членка на ОН. За да се постигне тоа се обидуваат да најдат оправдување и да кажат дека тоа не го прејудицира статусот, а потоа во втората реченица велат дека тогаш ставот на СЕ престанува да биде статусно неутрален“, рече Дачиќ.