Свет
Макрон викендов ќе одржи два важни разговори во обид да го спречи најлошото во Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон ќе одржи два разговори во текот на викендот во обид да го спречи најлошото во Украина.
Прво тој денеска ќе има телефонски разговор со украинскиот лидер Володимир Зеленски, а утре со рускиот претседател Владимир Путин.
„Треба да се обиде сè, да се направи се за да не се случи најлошото“, посочува Елисејската палата.
„Сметаме дека се уште е можно да се одврати претседателот Путин да ја нападне Украина“, рече советникот на Макрон по разговорите на францускиот претседател со претседателите и владите на големите западни земји.
На телефонскиот разговор покрај Макрон присуствуваа и американскиот претседател Џо Бајден, канадскиот премиер Џастин Трудо, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Советот на ЕУ Чарлс Мичел.Мишел), италијанскиот премиер Марио Драги, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг , германскиот канцелар Олаф Шолц, полскиот премиер Анджеј, британскиот премиер Борис Џонсон и романскиот премиер Клаус Јоханис.
Да потсетиме, во синоќешното обраќање до нацијата, американскиот претседател Џо Бајден рече дека верува оти рускиот лидер Владимир Путин одлучил да ја нападне Украина.
Ukraine: Emmanuel Macron will meet today with Volodymyr Zelensky and tomorrow with Vladimir Putin.#Macron #UkraineConflict #UkraineCrisis #Russia
— Vivek Bajpai (@vivekbajpai84) February 19, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Убиен работник од Украина во Славонски Брод
Во центарот на Славонски Брод во попладневните часови е пронајдено машко тело.
Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот.
Се работи за млад градежен работник од Украина. Конфликт се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).
Полицијата соопшти дека телото на мажот е пронајдено во куќата околу 15:17 часот и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.
Свет
Макрон и градоначалничката на Париз најавија дека ќе пливаат во Сена: Сакаат да го докажат добриот квалитет на водата за Олимписките игри
Градоначалничката на Париз, Ан Идалго изјави дека ќе плива во Сена со францускиот претседател Емануел Макрон за да докаже дека квалитетот на водата на реката ќе биде на нивото потребно за претстојните Олимписки игри.
Идалго потврди дека ги поканила организаторите на Олимпијадата и високите француски функционери да пливаат во Сена на настан кон крајот на јуни или почетокот на јули оваа година, вклучувајќи го и Макрон, кој претходно ветил дека ќе плива во реката, пренесува АП.
„Ќе нуркаме во Сена и многу волонтери се појавија да нуркаат со мене и многу спортисти ќе бидат таму. Ќе биде безбедно да се плива во Сена“, изјави Идалго.
Претходно, француската невладина организација „Suffrider Foundation“ предупреди дека квалитетот на водата во Сена не е доволно добар за пливање за време на Олимпијадата, врз основа на шестмесечни мерења на квалитетот.
За чистење на оваа река ќе бидат инвестирани 1,4 милијарди евра, а од 1 јуни ќе почнат новите рутински мерења.
Организаторите на ОИ претходно најавија дека е можно да се одложат одредени настани во случај на голема загаденост на Сена, а во најлош случај ќе биде откажан пливачкиот дел од планираните триатлони.
Исто така, беше најавено дека пливањето во делови на Сена ќе биде дозволено за јавноста, за прв пат од 1923 година.
Свет
Јужнокореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази откако му го изгребале автомобилот
Маж од Јужна Кореја е осуден на 14 месеци затвор за убиство на 76 мачки во еден од најлошите случаи на суровост кон животните во Јужна Кореја во последните години.
Човекот, кој има 20 години, беше осуден за кршење на јужнокорејскиот закон за благосостојба на животните минатата недела, соопшти Окружниот суд Чангвон во југоисточна Јужна Кореја. Судот не го објави името на човекот.
Човекот убивал мачки од декември 2022 година до септември 2023 година поради омразата кон животното која ја развил откако други мачки му го изгребале автомобилот, се наведува во образложението на пресудата.
Тој фатил мачки скитници и посвоил други од интернет-страниците пред да ги задави некои до смрт, а други да ги убие со ножици, смета судот.
Со автомобил прегазил една мачка.
Судот процени дека затворската казна е неизбежна затоа што тој постојано правел „неописливо сурови“ злосторства со предумисла.
Нагласено е дека изречената казна сепак го одразува фактот дека мажот немал криминално досие и се кае за сторените кривични дела, додавајќи дека е утврдено дека неутврденото психичко здравје на мажот било мотив за делата.
Човекот ја обжали пресудата.
„Овој случај на суровост, исто така, ја истакнува важноста од измена на Граѓанскиот законик за правно признавање на животните како живи суштества и дополнително зајакнување на нивната правна заштита“, рече Борами Сео, директор на јужнокорејската канцеларија на Humane Society International.