Свет
Макрон: Епидемијата на коронавирусот во Франција е на самиот почеток
Францускиот претседател, Емануел Макрон, предупреди дека епидемијата на коронавирусот е само на почеток.
„На самиот почеток сме, треба да ни биде јасно и да бидеме свесни за тоа“, повтори тој пред новинарите за време на посетата на париската болница „Некер Енфон маладе“.
Зајакнати се и заштитните мерки во канцеларијата на францускиот претседател кога еден од неговите најблиски соработници, шефот на канцеларијата, Патрик Стрзод, бил во контакт со заразено лице. Тој се наоѓа во самоизолација и работи од дома.
На прашањето за премин на трето ниво на заштита во Франција, Макрон рекол дека мерките ќе се разликуваат според подрачјето на кое ќе се донесат.
„Мислам дека не треба да се мисли дека во одреден момент во нашата земја сè ќе се промени. Треба да останеме целосно приспособени“, рекол тој.
Макрон исто така упатил порака за поддршка и признание на медицинскиот персонал, особено на оние што се затрупани со повици.
Со 25 починати и 1.412 потврдени случаи на зараза на коронавирусот, Франција е втора најзафатена европска земја зад Италија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.