Свет
Макрон: Русија презеде историска одговорност со почнувањето на оваа војна
Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека Франција ја интензивира работата за да спречи ескалација на војната во Украина, истовремено отфрлајќи секаква директна вмешаност на француските војници во обраќањето во Брисел.
„Одлучивме да ја интензивираме работата за да спречиме ескалација и да се организираме во случај тоа да се случи. Дејствуваме во согласност со потребата да продолжиме да го приспособуваме нашиот став кон новите стратешки околности предизвикани од војната во Украина и нејзините последици“, рече францускиот претседател нагласувајќи го учеството на 3.200 француски воени лица во вежбите на НАТО.
Сепак, Макрон, повторувајќи ги изјавите што ги дал неколкупати во минатото, отфрли какво било директно учество на француската војска, пренесува Си-ен-ен.
„Продолжуваме да стоиме покрај украинскиот народ со воена, економска и хуманитарна поддршка“, рече тој.
„Нашата одлучност нè наведе заедно да усвоиме санкции без преседан“, рече Макрон.
Францускиот претседател исто така ги опиша растечката изолација на Русија и унифицираниот одговор од сојузниците на НАТО и ЕУ.
-„Русија ја презеде историската одговорност со почнувањето на оваа војна. „Нашата стратегија е да направиме сѐ што можеме за да ја запреме секоја ескалација и да го запреме овој конфликт што е можно побргу преку нашата поддршка за Украина, нашите санкции и дискусиите што продолжуваат меѓу нас неколкумина и рускиот претседател Путин за да се најдат начини и средства за да се постигне договорено решение“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.