Свет
Малала Јусафзаи по шест години во родниот Пакистан
Добитничката на Нобелова награда за мир Малала Јусафзаи допатува во родниот Пакистан, кој го напушти пред шест години, кога беше ранета во напад на талибанците. Пакистанската телевизија „Гео“ објави снимки од Јусафзаи на меѓународниот аеродром во Исламабад, како во придружба на родителите влегува во автомобил кој од безбедносни причини го следи конвој од 15 возила.
Малала би требало да се сретне со пакистанскиот премиер Шахид Хакан Абаси на церемонија во неговиот кабинет. Повикувајќи се на локалните медиуми, „Ројтерс“ наведува дека е малку веројатно дека таа ќе ја посети областа Сват, каде што некогаш живеела, поради безбедносни причини.
Јусафзаи во 2014 година на свои 17 години доби Нобелова награда за мир поради нејзините залагања за образование на девојчињата во Пакистан и стана најмладиот лауреат во историјата.
Сега има 20 години, а првпат дошла во Пакистан во 2012 година, кога маскирани вооружени напаѓачи го застанале автобусот со кој таа се враќала дома и ѝ пукале во главата. Одговорност за нападот презедоа талибанците.
Минатата недела Јусафзаи, која сега живее во Велика Британија, на Твитер објави дека ѝ недостига татковината.
Судот во Пакистан кон крајот на 2015 година осуди 10 талибанци на доживотна казна затвор поради вооружен напад над активистката Малала. Таа во многу конзервативни делови на Пакистан го афирмираше правото на образование на жената, што беше и причина за атентат, кога во октомври во 2012 година беше погодена со куршум во главата. Во нападот беа повредени уште две девојчиња.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.