Свет
Маршеви против антисемитизмот најавени за денеска во Франција
Во неколку француски града денеска ќе се одржат маршевите против антисемитизмот во време кога во Франција се зголемуваат антисемитските дејства, пренесува „Локал“.
Меѓу демонстрантите ќе бидат и политичари од висок профил, меѓу кои и францускиот министер за образование, Жан-Мишел Бланке, и владиниот портпарол, Бенџамин Гриво. Министерот за европски прашања, Натали Лозо, исто така, најави присуство на маршот велејќи дека во Европа се појавила лепра што мора да биде уништена.
На француските улици ќе излезат и поранешниот француски претседател Франсоа Оланд, поранешниот премиер Бернард Казнев, поранешниот градоначалник на Париз Бертран Делано, како и левичарскиот лидер Жан-Лук Меленшон. Францускиот претседател, Емануел Макрон, нема да се приклучи во маршот, но в среда ќе присуствува на 34-тата годишна вечера на чадор-група на француски еврејски организации КРИФ, каде што ќе одржи говор.
Антисемитските дејства во Франција, каде што живее најголемата еврејска заедница во Европа, се зголемија за 74 отсто – од 311 во 2017 година на 541 во 2018 година.
„Антисемитизмот се шири како отров”, рече францускиот министер за внатрешни работи, Кристоф Кастанер.
Во два одделни инцидента во последниве недели, на париските поштенски сандачиња беа нацртани свастики и фотографии од покојниот Симоне Веил преживеан од холокаустот, а зборот „јуден” (германски за Евреи) беше испишан на излогот на една пекарница во главниот град.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон за време на говорот на Универзитетот „Сорбона“ во Париз изјави дека постои ризик Европа да умре.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува „Ројтерс“.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.
Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Илја Јевлаш, во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил „Искандер-К“, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на „Телеграм“ гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија украинските железници „Укрзализница“ на „Телеграм“.