Свет
Масата за која целиот свет зборува повеќе отколку за луѓето што седеа зад неа
Белата маса долга шест метри, зад која рускиот претседател Владимир Путин овој месец прима странски лидери, е направена во Италија, од мала семејна фирма. Тие опремија десетици други простории во Кремљ. Велат дека изработката на ваква маса денес би чинела приближно 100.000 евра.
Се утврди дека Макрон потоа го одбил барањето на Кремљ да направи руски тест на Ковид-19 пред средбата со Путин поради што морал да држи дистанца за време на средбата со својот руски колега.
Оваа маса е една од многуте артикли произведени во Италија од семејната компанија „Храст“.
Ренато Полоња од таа компанија вели дека тие предмети се направени врз основа на договор со Кремљ од 1995 до 1997 година.
„ Таа маса е навистина врвот на ледениот брег. Вкупно направивме мебел за 70-ина соби. Има и поголеми маси“, изјави Ренато Полонија за „Ројтерс“.
Корисниците на „Твитер“ се пошегуваа на темата на масата наведувајќи дека таа претставува лизгалиште, тениско игралиште, клацкалка, па дури и маса од Тајната вечера.
Полоња рече дека штицата била направена од едно парче буково дрво, а ја потпирале три издлабени дрвени греди. Лакирана е во бело и позлатена на рабовите.
„Доколку сакате да купите нешто слично денес, тоа би чинело приближно 100.000 евра. Беше прекрасно насекаде да се видат фотографии од масата. Да се надеваме дека тоа ќе донесе среќа и ќе спречи војна“, порачува Италијанецот.
Компанијата „Храст“ опреми 7.000 квадратни метри во Кремљ на два ката вклучувајќи ги и приватните простории на претседателот.
Полоња рече дека просторот бил уништен од Јосиф Сталин, па руските дизајнери ги пребарале архивите за да го вратат стариот изглед пред револуцијата во 1917 година.
Договорот бил вреден меѓу 40 и 50 милиони евра, а целиот мебел бил направен во Италија, а потоа транспортиран во Русија. Џиновски скенери биле користени за проверка на грешки пред да бидат внесени во Кремљ.
Тоа е најголемата поединечна нарачка што ја имал „Храст“, но Полоња рече дека неговата компанија работела во целиот свет вклучувајќи ги и кралските палати во Брунеи и на Тајланд.
„Храст“ е основан од дедо му Рената Полоње, а денес вработува околу 50 работници.
„Ова е најдоброто од Италија – семејни компании во кои вештините се пренесуваат од генерација на генерација“, заклучи Полоња.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Барале 25.000 евра за да дадат информации за исчезнатото девојче: детали за апсењето на три лица во БиХ
Припадниците на полицијата привеле три лица, кои се осомничени дека преку ТикТок објавиле дека се поврзани со исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ (2) во Србија.
„Федералната полициска управа, постапувајќи според актот на НЦБ Интерпол Белград, презеде мерки и дејствија од нејзина надлежност, што резултираше со лишување од слобода на три лица на територијата на Хаџиќ, Сараево“, беше потврдено и кои се сомничат дека имале сознанија за исчезнување на малолетно девојче од Србија.
Инспекторите на Одделот за компјутерски криминал на Федералната полициска управа, ги лоцирале по пат на ИП адреса лицата кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на малолетно девојче, односно барале 25.000 евра за откривање информации.
„Малолетното девојче не е пронајдено на територијата на Хаџиќ, а кривичната истрага за лицата лишени од слобода е во тек“, изјави сојузниот инспектор Ервин Мушиновиќ.
Девојчето Данка Илиќ (2) во вторникот исчезна во Бањско поле кај Бор.
Оттогаш, потрагата по неа трае, а во Србија за прв пат е активиран системот амбер алерт.
Свет
(Видео) Руски борбен авион се урна кај Севастопол
Рускиот борбен авион Су-27 денеска се урна во морето во близина на кримското пристаниште Севастопол, а веста ја потврди и регионалниот гувернер Михаил Развозаев.
„Пилотот безбедно се катапултирал, а спасувачите на севастополската спасувачка служба го подигнале на оддалеченост од двесте метри од брегот. Цивилните објекти не се оштетени“, објави Развозаев на својот официјален канал.
Ein russischer Su-27 „Luftüberlegenheitsjäger“ ist vor der Küste Sewastopols brennend ins Meer gestürzt.
Russisches Militär behauptet Stock und Stein, dass es sich um einen „technischen“ Unfall und keinen versehentlichen Abschluss handelt.
Naaa ja. pic.twitter.com/8cWoc7jp4W— Julian Röpcke🇺🇦 (@JulianRoepcke) March 28, 2024
Се уште нема потврда како и зошто дошло до овој инцидент.
Медиумите првично објавија дека се урнал авионот Су-35, но се потврди дека се работи за моделот Су-27. Како што може да се види на снимката од несреќата, авионот се вртел во пламен на небото додека не паднал директно во Црното Море.
Регион
„Дете не може само така да пропадне во земја“ – соседот на исчезнатата Данка опиша што се случувало кобниот ден
Се вратив од училиште околу 14 часот, а половина час подоцна дојдоа две-три полициски патроли, ги следев да видам што се случува и дознав дека детето го нема. Вака Лука од Бор зборува за моментот кога исчезна девојчето Данка Илиќ (2).
Како што вели, кобното попладне веднаш се приклучил на полицијата во потрага по детето.
„Тука бевме до 22:30 часот. После тоа дојдоа уште дваесет патроли. Следната вечер пристигнаа два-три хеликоптери, како и беспилотни летала за термално снимање и кучиња трагачи. Таму беа бабата, мајката и дедото и малиот брат на Данка. Сите добро ги познавам“ изјави Лука, пренесува „Блиц.рс“.
Тој потсети дека семејството на девојчето живее во Бор и дека дошле во Бањско поле бидејќи таму имаат викендица.
„Се надевам на најдоброто. Се молам на Бога девојчето да е живо и здраво. Отпрвин мислевме дека, не дај Боже, паднала или нешто слично, но нема ништо“, вели соседот на семејството на исчезнатото девојче.
Потоа ја коментираше изјавата на мајката на Данка за исчезнувањето на нејзината ќерка.
„Сите велат дека отишла да земе вода. Детето не можело да пропадне во земја. Кога стигнав, мајката на Данка беше во солзи, како и нејзината баба. Бабата беше навистина потресена. Цел ден плачеше во автомобилот. Вечерта дошла Итната помош и и дала седатив за висок притисок. Подоцна ја однеле во итната медицинска помош“, вели младниот човек.
На прашањето дали мисли дека девојчето можеби е киднапирано, тој вели во тоа верува 100 отсто.
„Ако не е тука, не знам каде би можела да биде. Оваа улица не е прометна. Не знам како се случи“, заклучува Лука.
„Блиц“ потсетува пред фармата на која исчезна девојчето Данка Илиќ (2) во Бањско поле кај Бор, пристигна багер – комбајн за да може полицијата да го расчисти имотот. Во исто време, припадници на МУП повторно ги пребаруваат шахтите и јамите во споменатата населба. Сето тоа со цел да се најдат материјални докази кои ќе помогнат во пронаоѓањето на Данка. Багерот подоцна се преселил на имотот преку улицата, каде што собира дрвја и гранки.
Родителите на исчезнатата Данка Илиќ денеска во текот на денот се приведени во полиција за да го продолжат распитот кој вчера започна во полициската станица во Бор во врска со исчезнувањето на нивната двегодишна ќерка.
Неколку припадници на полицијата го раскопуваат просторот пред дворот каде девојчето исчезна пред точно два дена. Областа се бара за какви било траги.