Свет
Махмуд Абас ги предупреди другите арапски земји да не ги нормализираат односите со Израел
Претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, го осуди договорот за нормализација на односите меѓу ОАЕ и Израел на заедничката средба на палестинското раководство во вторникот навечер и ги повика другите земји да се држат до предлогот од 2002 година со кој се условуваат врските со Израел со создавање палестинска држава, пренесува „Тајмс оф Израел“ .
„Ова го сметаме за нож во грбот и апсолутно го отфрламе“, рече Абас.
Абас изјави дека ОАЕ извршиле удар врз палестинското прашање. Тој на состанокот во седиштето на палестинската управа во Рамалах остро го критикувше неодамнешното склучување на договорот за нормализација на односите помеѓу Емиратите и Израел.
Истакнувајќи дека за палестинското прашање може да говорат само Палестинците, Абас рече дека ОАЕ се обидуваат да го претстават тој договор како голем успех во борбата против израелскиот план за анексија на палестинската територија.
„Вие не можете да го заземете нашето место. Палестина зборува од свое име. Таа е која ќе каже ‘да’ или ‘не’. Вие не сте одговорни за палестинската кауза, само ние Палестинците ќе зборуваме од име на палестинската кауза“, рече Абас.
„Го претставуваат договорот како анексијата да го содржи комплетното палестинско пршање. Тоа е неприфатливо залажување. Тоа го сметаме за голем удар врз палестинското прашање”, рече Абас.
Нагласувајќи дека Палестинците се единствени во тешки ситуации и дека, и покрај меѓусебните разлики, сите палестински групи стануваат против оние кои против нив прават заговор, Абас рече дека целиот свет ја поддржал Палестина наспроти американскиот таканаречен мировен план на векот.
„Договорот за нормализација е наводно склучен врз база на Арапската мировна иницијатива од 2002 година, но таа иницијатива налага арапските земји да не ги нормализираат односите со Израел сè додека не се реши палестинското прашање”, рече Абас.
Минатата недела, ОАЕ и Израел соопштија дека постигнаа договор за нормализација на билатералните односи. Претседателот на САД, Доналд Трамп, лично соопшти дека ОАЕ и Израел постигнале договор во потполност да ги нормализираат билатералните односи. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека тоа е историски успех.
ОАЕ станаа трета земја која со Израел постигна договор за нормализација на односите, а претходно тоа го направија Египет (1979) и Јордан (1994).
Палестинското раководство, вклучувајќи ги движењата Фатах, Хамас, Исламски џихад и Народен фронт за ослободување на Палестина, е согласно дека договорот за нормализација на односите помеѓу ОАЕ и Израел претставува големо предавство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.