Свет
Мајк Пенс на средба со Гваидо, САД се закануваат со нови санкции
Американскиот потпретседател Мајк Пенс планира утре за прв пат да се сретне со венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гваидо во Колумбија, во знак на поддршка на Гваидо по викенд исполнет со насилства, сооопштиле советниците на Пенс.
Војската лојална на Мадуро вчера го блокираше конвојот со хуманитарна помош на преминот од Колумбија во Венецуела, со употреба на солзавец и гумени куршуми, при што уби двајца демонстранти.
САД поради насилствата би можеле утре да наметнат нови санкции, со цел владата на Мадуро да остане без приходи. Пенс ќе пристигне во главниот град на Колумбија, Богота, кај што ќе се сретне со регионални лидери, кои го признаа Гваидо како легитимен претседател на Венецуела, откако Мадуро одржа избори минатата година, чии резултати не ги призна опозицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Ова е стрес за сите, за детето што го носам“: сослушани родителите на малата Данка
Родителите на малата Данка (2), која исчезна на 26 април, Ивана и Милош, беа на распит во Обвинителството во Заечар.
Тие беа први сослушани со неколку сведоци, кои сè уште се во Окружното јавно обвинителство во Заечар.
„Овде сме од 8 часот. Разговарав со обвинителот од 8.15 до 11 часот. Кажав сè што се случи од тој ден“, изјави Ивана за „Информер“, која е во шестиот месец од бременоста и додаде:
„Сето ова е стресно за сите нас, за нашето постаро дете, за детето што го носам“, додаде таа.
По неа, и нејзиниот сопруг разговараше со обвинителката и, како што ни објасни, не може да опише како се чувствува.
„Не можев да видам кој седи зад мене. Не знам дали осомничените биле во истатапросторија. Не можам да опишам како се чувствувам“, изјави Милош.
Свет
Медведев: Да се угледаме на Америка
Зад протестите во Грузија, кои се одржуваат против усвојувањето на законот за странски агенти, е видливо американското влијание, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев, коментирајќи ги протестите на опозицијата која се противи на усвојувањето на тој закон.
„Зад сите овие собири стои искусната и добро позната рака на Холивуд. Она што на „демонстрантите“ не им се допаѓа во законот „за транспарентност на странско влијание“, што грузискиот парламент се обидува да го усвои, е тоа што тој е „руска идеја“, а не западна иницијатива. За разлика од грузискиот, киргистанскиот или целосно лојален руски закон, кој им дозволува на странските агенти да работат, но од оправдани причини, од нив се бара да бидат транспарентни и да спречат скриено незаконско странско мешање во внатрешните работи на државата, во нејзината економија и политички живот, “ напиша Медведев на Телеграм.
Европа
Во Германија уапсени 10 лица: за пари набавувале дозволи за престој на странци
Во Германија денеска во полициска акција се уапсени десет лица осомничени дека за големи суми пари набавувале дозволи за престој во Германија за странци од Кина и арапските земји.
„Главни осомничени се двајца адвокати од Келн, а истрагата се води против 38 можни члена на шверцерската банда и против 147 други лица, кои се занимавале со систематски шверц на луѓе“, се вели во соопштението на полициската управа на град веднаш до Келн, кои ја водат операцијата.
Осомничените се обвинети дека донеле странски државјани во Германија и ги набавиле потребните документи за големи суми пари, од 30 до 350 илјади евра. Осомничените основале фиктивни фирми и лажни адреси со кои се регистрирале лица од странство.
Весникот „Билд“ пишува дека меѓу осомничените има и вработени во неколку канцеларии за странци во регионот Рајнланд-Пфалц, кои издавале дозволи за престој за пари. Еден од нив е меѓу уапсените. Како што е соопштено, за време на рацијата била запленета и голема количина пари. Минатата година, со 300.000 бегалци и баратели на азил, Германија забележа значителен пораст на илегалниот влез во земјата.