Свет
Медведев: НАТО и САД лошо ја научиле лекцијата од 2008 година
НАТО и САД не ја научија лекцијата што им ја одржа Русија со признавањето на независноста на Јужна Осетија и Абхазија, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев.
Коментирајќи ја одлуката на претседателот Владимир Путин да потпише укази за признавање на самопрогласените републики во источна Украина, тој рече дека во 2008 година морал да донесе тешка одлука за признавање на независноста на Јужна Осетија и Абхазија, пренесува РИА Новости.
„Русија помогна да се спасат животите на стотици илјади луѓе и одржа лекција за НАТО, САД, за сите оние кои имаа агресивни намери кон руските граѓани.
Меѓутоа, НАТО не го прифати тоа добро и продолжи цинично да се приближува до границите на Русија, проширувајќи го кругот на потенцијални членки“, рече Медведев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.