Свет
Медицински советници од СAД и Кина се здружуваат во борбата против пандемијата
Размената на информации и прекуграничната соработка се неопходни во борбата против Ковид-19, изјавија медицински советници од САД и Кина во редок знак на солидарност, објави Кинеската медиумска група (ЦМГ).
Главниот медицински советник на американскиот претседател, Ентони Фаучи, разговараше со кинескиот експерт за респираторни заболувања, Џунг Наншан, на вебинар организиран од Универзитетот во Единбург.
Џунг ја пофали одлуката на американскиот претседател Џо Бајден да го обнови финансирањето на Светската здравствена организација (СЗО) како навистина добра вест.
За Џунг, СЗО поддржана од САД може да игра уште поголема улога во прераспределбата на вакцините против коронавирусот.
„Десетина земји имаат речиси 75 проценти вакцини“, предупреди поранешниот претседател на Кинеското медицинско здружение, кој повика на понатамошна меѓународна поддршка на „Ковакс“, глобална иницијатива за рамномерна дистрибуција на вакцините, поддржана од САД и Кина.
И Фаучи како Џонг е поборник за глобална вакцинација бидејќи вирусот може да се размножи и потенцијално да мутира во земји со ниски стапки на вакцинација, што може да доведе до нов бран на вирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Швајцарија ги замрзна руските средства во вредност од 5,8 милијарди франци
Швајцарија го замрзна рускиот имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, објави денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (SECO).
Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.
Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е значително помала отколку на крајот на 2022 година, кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци, пренесува Ројтерс.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.
Свет
Лидерот на Северна Кореја ја надгледуваше воената вежба: се симулираше нуклеарен контранапад
Северна Кореја ги изведе своите први воени вежби кои симулираа нуклеарен контранапад, објави државната новинска агенција на земјата KCNA, како и други државни медиуми.
Врховниот водач Ким Џонг-ун ја надгледуваше вежбата која беше дел од тестот на системот за управување со нуклеарно оружје на нацијата.
Покрај тоа што севернокорејското раководство сака да ја тестира различноста на сопствените нуклеарни капацитети, тоа беше, според КЦНА, протест против американските и јужнокорејските „провокативни и инвазивни“ воени вежби.
Симулациските вежби на севернокорејската војска вклучуваа маневрирање на војниците во позиција за нуклеарен контранапад и истрелување на лажни нуклеарни боеви глави во случај на предупредување за нуклеарна криза.
Во таа прилика беа истрелани неколку балистички ракети со краток дострел кон морето, во близина на источниот севернокорејски брег.
Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.