Свет
Мексикански новинар убиен среде улица во популарно одморалиште
Мексиканската медиумска куќа „Канал 10“ објави дека во популарното одморалиште Канкун бил убиен нејзин репортер и снимател.
Хавиер Енрике Родригез Ваљадарес е осмиот новинар кој загина во Мексико од почетокот на годинава.
@Tucanal10 lamenta la pérdida irreparable de nuestro compañero camarógrafo Javier Rodríguez Valladares quien formaba parte del equipo de Noticias.
Nuestro más sentido pésame a familiares y amigos. pic.twitter.com/tWBPN7uoII
— Canal 10 (@Tucanal10) August 30, 2018
„Семејството на Хавиер Енрике го извести сопственикот на Канал 10 дека вчера тој бил убиен“, се наведува во соопштението.
Ваљадарес првенствено бил снимател, но исто така работел и на интервјуа и извештаи за политички прашања, соопшти „Канал 10“.
Според локалните медиуми, тој бил убиен на една од главните улици во градот. Локалните власти засега не дадоа никакви информации.
Ваљадарес во последните три месеци е трет убиен новинар во државата Кинтана Ро.
Мексико се смета за една од најопасните земји за новинари. Минатата година во оваа држава беа убиени 17 медиумски работници, а од 2 000 година повеќе од 100 новинари биле ликвидирани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.