Свет
Меланија за прв пат ги коментираше протестите во Америка
Првата дама на САД, Меланија Трамп преку социјалните мрежи повика на мирни протести во Минеаполис.
Таа објавата ја сподели на „Твитер“, а со неа по прв пат ги коментираше протестите што избувнаа низ целата земја, разгорени од насилната смрт на црнецот Џорџ Флојд за време на полициско апсење.
„Нашата држава дозволува мирни протести, но нема причина за насилство. Видов дека нашите граѓани се обединуваат и се грижат едни за други во текот на пандемијата и не можеме да престанеме да го правиме тоа сега. Мое искрено сочувство до семејството на Џорџ Флојд. Како нација, да се фокусираме на мир, молитви и закрепнување“, напиша сопругата на американскиот претседател.
Our country allows for peaceful protests, but there is no reason for violence. I’ve seen our citizens unify & take care of one another through COVID19 & we can’t stop now. My deepest condolences to the family of George Floyd. As a nation, let’s focus on peace, prayers & healing.
— Melania Trump (@FLOTUS) May 29, 2020
Нејзината порака доаѓа само еден ден откако „Твитер“ отстрани објава на Доналд Трамп поради кршење на правилата на таа социјална мрежа. Всушност, и тој твит се однесуваше на насилните протести во Минеаполис, при што претседателот се закани со ангажман на Националната гарда со пораката „кога ќе почнат насилства и провали, тогаш почнува и пукањето“.
Денеска Националната гарда навистина пристигна во Минеаполис, а Трамп тоа го соопшти повторно на „Твитер“.
„Гардата е на местото на настанот. Тие се во Минеаполис и се целосно подготвени. Џорџ Флојд не умре залудно. Оддадете му почит“, напиша американскиот претседател.
The National Guard has arrived on the scene. They are in Minneapolis and fully prepared. George Floyd will not have died in vain. Respect his memory!!!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) May 29, 2020
Медиумите пренесоа дека петстотини војници на Националната гарда пристигнале во Минеаполис, каде се одржуваат протести поради смртта на Флојд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.