Свет
Меркел: Нереално е да се очекува САД да ги укинат санкциите кон Иран
Германската канцеларка, Ангела Меркел, изјави денеска во Њујорк дека би било добро да има разговор меѓу САД и Иран.
Сепак, по разговорот со претседателите на двете држави, таа рече дека е нереално да се очекува Вашингтон претходно да ги укине санкциите кон Иран, како што бара Техеран.
„Јас би ги поздравила разговорите САД-Иран, но нема да се случи првин да бидат укинати санкциите, а потоа да се дискутира. Мислам дека тоа е нереално“, рече Меркел на маргините на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации, објави „Ројтерс“.
Иранскиот претседател, Хасан Рохани, претходно рече дека е отворен да разговара за мали измени, дополнувања или амандмани во нуклеарниот договор од 2015 година ако САД ги укинат санкциите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.