Свет
Меркел со предупредување до Германците: Немој да се враќаме на забраните
Германската канцеларка, Ангела Меркел, ги повика Германците да не го загрозат тоа што досега го постигнаа на планот на забавување на заразата со коронавирус, со својата желба и брзањето што побрзо да се вратат во нормала.
„Коронавирусот останува опасност за секој од нас“ порача таа зборувајќи пред долниот дом на германскиот парламент.
Германците уште некое време ќе живеат со коронавирусот со оглед дека сè уште не постои лек или вакцина, нагласи Меркел.
„Би било обесхрабрувачки ако мораме да се вратиме на рестрикциите кои сакаме да ги оставиме зад себе“, предупредила германската канцеларка.
Таа им порача на Германците да се вратат во канцелариите, училиштата, кафулињата и спортските клубови, но да држат физичка дистанца и да ги почитуваат хигиенските мерки. Тогаш ќе има можност за заздравување на економијата и да се спасат работните места, а луѓето ќе бидат заштитени, додала таа.
Претходно министерот за внатрешни работи, Хорст Зехофер, најави од сабота целосно отворање на германските граници.
Продавниците, училиштата и фабриките почнаа со работа, а оваа недела ќе бидат отвoрени и некои од границите. На сила и натаму остануваат мерките за физичка достанца од 1,5 метри во јавниот простор, како и носење на заштитни маски за лице во јавниот превоз и во продавниците.
Германија има 171.306 потврдени случаи на коронавирус, објави институтот „Роберт Кох“, а починале 7.634 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин: Сите вмешани во терористичкиот напад во „Крокус сити хол“ кај Москва мора да бидат казнети
Сите поттикнувачи, спонзори и организатори на терористичкиот напад на концертната сала „Крокус“ ,во предградието на Москва, мора да бидат идентификувани и казнети, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
„Руските разузнавачки и агенциите за спроведување на законот го истражуваат и испитуваат секој детал од овој грозоморен терористички чин во „Крокус“, идентификувајќи ги сите инволвирани страни, вклучително и поттикнувачите, спонзорите и организаторите. Никој од нив не смее да избега од праведна казна“, нагласи Путин.
Зад терористичките напади во различни делови на светот стојат и радикални групи и разузнавачки служби на одделни земји , кажа рускиот лидер, пренесен од руските медиуми.
„Несомнено, меѓународниот тероризам останува една од најголемите закани на 21 век“, истакна Путин.
.
Регион
Милорад Додик: Република Српска е под постојани санкции предводени од САД
Република Српска е под постојани санкции предводени од САД, изјави на Меѓународниот состанок на високите претставници задолжени за безбедносни прашања во Санкт Петербург, претседателот на Српска Милорад Додик.
Во својот говор Додик укажа на глобалниот проблем поради политички мотивирани санкции.
„Република Српска е директно изложена на овој вид ризик и е под постојани санкции предводени од САД. Ние правиме се што можеме за да ја заштитиме “, рече Додик, кој беше првиот што зборуваше на Состанокот за безбедност како дел од првата пленарна сесија „Обезбедување информациска безбедност во услови на формирање на полицентричен светски поредок: предизвици и можности“.
Свет
Пациентите со задолжително здравствено осигурување во Германија повторно би можеле да плаќаат такса за лекување во ординации
Во борбата против постојано зголемувањето на трошоците за здравствена заштита во Германија економските експерти предлагаат поголемо учество на обврзниците на здравственото осигурување и повторно воведување надоместоци за здравствена заштита, односно лекување во ординациите на општа пракса, пишува магазинот „Феникс“.
Шефот на Одделот за здравствена компетентност при Институтот за економски истражувања во Рајнише Вестфален Лајбниц (РВИ), Борис Аугурски, за „Билд“ изјави дека укинувањето на здравствената такса во лекарските ординации е грешка.
„Наместо таксата за претходна пракса од десет евра од посета на лекар, подобро е, на пример, да земете пет евра од посета на лекар. Исклучок треба да биде земањето рецепти“, рече Аугурски, пренесува магазинот „Феникс“.
Стефан Грес, здравствен економист од Фулда, се залага за значително зголемување на прагот на придонесот.
Постепено треба да се зголеми од сегашните 62.100 евра годишно на 90.600 евра годишно.
„Тоа значи дека компаниите за здравствено осигурување би можеле да заработуваат околу десет милијарди евра повеќе годишно“, изјави Грес за „Билд“.
Од друга страна, економистот од Фрајбург, Бернд Рафелхусен, повикува на здравствени придобивки независно од платата.
– Доколку сакате да платите помала такса, мора да ја зголемите месечната здравствена такса. Компаниите за здравствено осигурување мора да се вклучат за да им помогнат на луѓето кои не заработуваат доволно, рече Бернд Рафелхузен.
Пациентите со задолжително здравствено осигурување во Германија до крајот на 2012 година требаше да плаќаат квартален надоместок од десет евра за лекување и стоматолошки третман. Таксата беше укината во 2013 година.