Контакт

Свет

Мерките не може да траат до недоглед – ЕК го претстави планот за постепено укинување на ограничувањата

Објавено пред

Европската комисија го претстави планот за постепено и координирано укинување на мерките воведени заради сузбивање на пандемијата на коронавирусот, кој предвидува почитување три критериуми.

dobivaj vesti na viber

„Иако условите се разликуваат во секоја земја членка, сите Европејци со право се прашуваат кога и по кој редослед ќе се укинуваат мерките“, изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лаен.

Таа истакна дека мерките спасиле илјадници животи, но дека тие со себе носат и голема цена за општеството и економијата и дека не може да траат до недоглед.

„Враќањето во нормала бара координиран и европски пристап меѓу земјите членки, заснован на науката и во духот на солидарноста“, изјави еврокомесарката за здравство, Стела Киријакидес.

Таа додаде дека патот кон враќање во нормала ќе биде долг и постепен и дека последиците од оваа криза долго ќе се чувствуваат. Поради тоа, како што рече, ќе треба да се навикнеме да живееме со вирусот сè додека не се пронајде вакцина.

ЕК наведува дека одлуките за ублажување на мерките треба да бидат втемелени на три критериуми.

Првиот е епидемиолошки – што значи дека ширењето на заразата мора да биде забавено и стабилизирано.

Вториот критериум е здравствениот систем да има доволно капацитет, што вклучува доволен број кревети за интензивна нега, на здравствени работници и медицински материјали.

Третиот критериум се однесува на способноста на следење на заразата вклучувајќи масовно тестирање за да може заразените лица бргу да се изолираат.

Фон дел Лаен истакна дека претставувањето на овој план никако не значи знак за почеток на укинување и попуштање на мерките затоа што тоа е во надлежност на државите.

ЕК исто така препорача контролите на границите внатре во ЕУ да се укинуваат на координиран начин, а укинувањето на контролите на надворешните граници треба да се прави врз основа на информациите и податоците за ширењето на заразата надвор од ЕУ.

ЕК порепорачува сите вработени да не се враќаат на работа во исто време, а собирањето во групи постепено да се дозволува во согласност со епидемиолошката ситуација.

Регион

Нов силен земјотрес ја погоди Грција: се стресе на Крит

Објавено пред

Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, соопшти ЕМСЦ.

dobivaj vesti na viber

Земјотресот е регистриран на Крит, на 62 километра од Ираклион, на длабочина од 16 километри.

Земјотресот е регистриран во 12.37 часот по локално време.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Грција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала по што следеа афтершокови.

Прикажи повеќе...

Регион

Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува

Објавено пред

Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.

dobivaj vesti na viber

Нејзиното сослушување продолжува и денеска.

Таа, неофицијално, не е осомничена.

Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.

Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.

Прикажи повеќе...

Свет

Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница

Објавено пред

37-годишен маж е уапсен во Хемпшир откако повеќе од 50 мртви животни биле фрлени пред продавница.

dobivaj vesti na viber

Еден од вработените ја отворал продавницата кога наишол на „ужасна“ сцена, пренесува „Sky News“. Била повикана полиција која пред продавницата пронашла околу 50 мртви зајаци и други животни.

Полицајците на Хемпшир и вооружениот тим истражувале и откриле дека животните биле застрелани со огнено оружје. Дел од животните се заштитени со закон.

Полицијата синоќа соопшти дека тој се уште е во притвор.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево – три млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Утрово во 4.50 часот на улицата Магистрален пат во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кичевски...

Македонија4 часа

Притвор од 48 часа за две лица задржани по убиството на лекарот во Железара

Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје...

Регион4 часа

Почна нова детаљна потрага по Данка, пристигнаа спасувачки екипи со куче

Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, синоќа пристигнале во...

Регион5 часа

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 8:38 часот...

Европа5 часа

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа....

Свет5 часа

Израел ја нападна Сирија: „38 лица загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах“

Повеќе цивили и војници загинаа откако Израел и милитантните групи започнаа напади врз северниот сириски град Алепо, соопшти утрово сириското...

Европа5 часа

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Украина е бесмислен бидејќи се заснова на...

Македонија18 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија18 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија20 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија21 час

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија22 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија24 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ1 ден

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија1 ден

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија1 ден

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија1 ден

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет1 ден

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет1 ден

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија1 ден

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...