Свет
Москва го предупредува Киев: Секое пукање може да има фатални последици во Донбас
Секое ненадејно движење на контактната линија во Украина може да доведе до фатални последици, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
– Хистеријата поттикната од Запад изврши силен психолошки притисок врз населението на Украина, но на нив останува да се забавуваат со тоа, истакна Захарова.
Таа изјави и дека властите во Киев би можеле да ја искористат сегашната ситуација за „самоубиствена агресија против Донбас“.
-Ние сме заинтересирани за друго – фактот дека ова е земја во која е во тек горливата фаза на внатрешна конфронтација и затоа е важна состојбата на луѓето, вклучително и нивната морална состојба, бидејќи секое ненадејно движење, вклучително и на линијата за контакт, секој истрел , секоја провокација на крајот може да доведе до некои фатални последици, предупреди портпаролката.
Како што додаде таа, жителите на Украина треба да се смират, а не да се охрабруваат од хистерија, што го прави Западот.
– Ги повикуваме земјите од Западот да престанат да поттикнуваат антируска хистерија, а тоа е всушност антиукраинско, ги повикуваме да престанат да го пумпаат Киев со оружје. Тие дејствија имаат негативно влијание врз решавањето на конфликтот во Донбас, како и на севкупната ситуација во сферата на безбедноста и стабилноста во Европа, рече Захарова.
Потсетуваме, вооружените украински сили од правец на населбата Орехово, под контрола на Киев, вчера од снајпер пукаа кон населбата Голубовско, под контрола на Народноослободителната војска, при што убија еден припадник на Народна полиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон за време на говорот на Универзитетот „Сорбона“ во Париз изјави дека постои ризик Европа да умре.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува „Ројтерс“.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.
Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Илја Јевлаш, во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил „Искандер-К“, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на „Телеграм“ гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија украинските железници „Укрзализница“ на „Телеграм“.