Свет
Москва ја забрани ноќната работа на угостителите за два месеца
На рестораните и ноќните клубови во Москва ќе им биде забрането да работат од 23 часот до 6 часот наутро во текот на два месеца.
Одлуката е донесена со цел да се потисне ширењето на Ковид-19, објави денеска градоначалникот Сергеј Собјанин.
Собјанин во порака што ја објави на неговата лична веб-страница наведе дека овие мерки ќе бидат во сила од 13 ноември оваа година до 15 јануари 2021 година, пренесува „Ројтерс“.
Исто така, студентите треба да имаат часови од далечина, односно преку интернет, во одредениот временски период.
Русија денес објави 20.977 нови инфекции со коронавирус и 368 смртни случаи.
Со вкупно 1.817.109 заразени, оваа земја е петта во светот според бројот на заразени од коронавирус, веднаш зад САД, Индија, Бразил и Франција, додава британската агенција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Стивен Сигал ги посети жртвите од терористичкиот напад во Москва
Актерот Стивен Сигал ги посети жртвите од терористичкиот напад во градското собрание Крокус во предградието на Москва, соопшти прес-службата на Министерството за здравство на Русија.
Сегал рече дека нападот е „страшна трагедија што не требаше да се случи“.
„Мислам дека Русија ќе послужи како пример и дека светот ќе разбере дека тоа не може да се направи на ниту една нација и да остане неказнето“, рече тој, пренесува РИА Новости.
Свет
Почина Џо Либерман, долгогодишен демократски сенатор во американскиот Конгрес
Џо Либерман, долгогодишен демократски сенатор во американскиот Конгрес од државата Конектикат и поранешен кандидат за потпретседател на САД, почина во средата на 82-годишна возраст.
Семејството на политичарот соопшти дека Либерман починал поради компликации предизвикани од падот, пренесува американскиот портал Политико.
Тој беше првиот еврејски кандидат на гласачкото ливче на големите американски партии, во 2000 година со претседателскиот кандидат Ал Гор.
Едно од неговите најголеми наследства е учеството во формирањето на Министерството за внатрешна безбедност по терористичките напади од 11 септември 2001 година.
Подоцна, во 2004 година, тој неуспешно се обиде да стане претседателски кандидат на Демократската партија, бидејќи демократите го сметаа за „премногу близок со републиканците“, според Политико.
Од политиката се повлече во 2012 година, а последен пат се врати во 2023 година како претставник на организацијата „Без етикети“, која на Американците требаше да им обезбеди трета опција, покрај Републиканската и Демократската партија.
Свет
Дупка од 10 метри голтна автомобили во Рим, полицијата ја затвори улицата
Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобили среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.
Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила, Дачија и Рено, завршиле во дупка, пренесува Телеграф.
Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.
Се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.
Не се знае дали има повредени во инцидентот.