Европа
Моќен бизнисмен и официјално обвинет за убиството на малтешката новинарка
Еден од најбогатите бизнисмени на Малта, Јорген Фенеч, е обвинет за убиство на малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција, која беше вклучена во разоткривање на корупцијата, вели обвинителот во судските документи објавени денеска.
Фенеч е во затвор откако беше уапсен во ноември 2019 година, кога беше обвинет за соучество во убиството. Оттогаш тој беше во фаза на предистражна постапка за проверка на доказите, за време на која се изјасни за невин.
Каруана Галиција беше разнесена од бомба поставена под нејзиниот автомобил на 16 октомври 2017 година, во убиство што ја шокираше Европа и отвори прашања за владеењето на правото во најмалата земја членка на Европската Унија.
Фенеч беше на чело на бизнис-империја со учество во многу дејности – недвижен имот, увоз и трговија со автомобили. Тој исто така беше на чело на конзорциум на кој, на контроверзен начин, му беше доделен владин договор за изградба на електрична централа.
Каруана Галиција истражувала потенцијална корупција во врска со тој договор во времето кога беше убиена.
Тројца мажи обвинети за поставување и активирање на бомбата беа уапсени во декември 2017 година. Еден оттогаш се изјасни за виновен и во согласност со постигнатата спогодба беше осуден на 15 години затвор. Другите двајца чекаат судење.
Посредникот во заговорот за убиството, Мелвин Теума, доби помилување откако тој на државата ѝ предаде докази во 2019 година.
Обвинителите бараат доживотен затвор за Фенеч, велат судските службеници.
Фенеч беше уапсен на 20 ноември 2019 година, кога неговата јахта за малку ќе ги напуштела територијалните води на Малта во, како што вели полицијата, обид да избега од островот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.