Свет
Мурашко: Сите руски вакцини може да им се даваат и на дијабетичари и на срцеви болни
Сите три руски вакцини против коронавирусот може да ги користат луѓе со дијабетес и кардиоваскуларни заболувања, но конечната одлука е на докторот и на пациентот, изјави рускиот министер за здравство, Михаил Мурашко.
Тој рече дека, дефинитивно, треба да се препорача вакцинација бидејќи луѓето од овие две категории имаат најсериозни симптоми кога ќе се разболат од Ковид-19, пренесуваат руските медиуми.
„Овие вакцини се фактор во спасувањето животи и ќе ги спасат од заканувачки компликации. Сите три вакцини може да се користат, а на докторот е да одлучи која од нив“, рече Мурашко.
Тој потсети дека вакцините „спутник В“ и „епивакорона“ моментно се достапни во Русија, а набргу се очекува да се користи и „ковивак“.
„Првите две се достапни за сите граѓани постари од 18 години“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.