Контакт

Свет

Муслиманска толпа запали христијанска црква во Нигер по апсењето на локалниот имам

Објавено пред

Толпа муслимански активисти викендов уништија и запалија христијанска црква во Нигер во знак на протест поради апсењето на влијателен локален имам, пренесува „Франс прес“.

dobivaj vesti na viber

Во саботата вечерта голем број демонстранти во Маради, третиот по големина град во Нигер, ја запалија Црквата на божјото собрание во населбата Сарија заедно со автомобилот на парохискиот пастор. Во соседната населба била уништена уште една црква.

Сведоците изјавиле за „Франс прес“ дека доцна вечерта во саботата групи млади муслимани подигнале барикади на патот и запалиле стари гуми во знак на протест поради апсењето на Чеик Рејдун, влијателниот имам од џамијата „Зарија“.

Полицијата го уапсила имамот претходно истиот ден кога тој на петочната молитва проповедал против новиот владин закон за организирање богослужба нарекувајќи го предложениот закон антиисламски. По неколку часа во притвор, имамот бил ослободен.

Висок официјален претставник на Министерството за внатрешни работи на Нигер изјави дека во предложената легислатива нема ништо антиисламско, туку е плод на екстензивна консултација и е наменета за спречување на мерките за кои се залагаат опскурните терористички организации во земјата.

Во 2017 година Министерството за внатрешни работи на Нигер ги повика исламските научници од земјата да работат заедно за изготвување на нацрт-законот. На крајот од април Советот на министрите го усвои законот наменет за спречување на ризиците од злоупотреби како во другите земји и да обезбеди средства за државата да ги регулира практиките што се вообичаени во религиската сфера.

Имамот Рејдун изјави дека бил погрешно информиран за содржината на нацрт-законот кога бил лажно наведен да верува дека со него ќе се наметнат истополовите бракови. Тој рече дека тој ќе ја исправи грешката во својата проповед овој петок. Во меѓувреме, полицијата уапси 178 муслимански демонстранти во врска со насилствата во саботата.

Нигер е претежно муслиманска земја, во која само 1-2 отсто од повеќе од 20 милиони жители се христијани. Земјата не е позната по религиозно мотивираното насилство.

По објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед во францускиот весник „Шарли ебдо“ во 2015 година, антихристијанските банди убија десет луѓе во Нијамеј и ги уништија повеќето цркви во главниот град, како и во Зиндер, вториот по големина град во земјата.

 

 

Свет

Путин: Сите вмешани во терористичкиот напад во „Крокус сити хол“ кај Москва мора да бидат казнети

Објавено пред

Сите поттикнувачи, спонзори и организатори на терористичкиот напад на концертната сала „Крокус“ ,​​во предградието на Москва, мора да бидат идентификувани и казнети, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

dobivaj vesti na viber

„Руските разузнавачки и агенциите за спроведување на законот го истражуваат и испитуваат секој детал од овој грозоморен терористички чин во „Крокус“, идентификувајќи ги сите инволвирани страни, вклучително и поттикнувачите, спонзорите и организаторите. Никој од нив не смее да избега од праведна казна“, нагласи Путин.

Зад терористичките напади во различни делови на светот стојат и радикални групи и разузнавачки служби на одделни земји , кажа рускиот лидер, пренесен од руските медиуми.

„Несомнено, меѓународниот тероризам останува една од најголемите закани на 21 век“,  истакна Путин.

.

Прикажи повеќе...

Регион

Милорад Додик: Република Српска е под постојани санкции предводени од САД

Објавено пред

Република Српска е под постојани санкции предводени од САД, изјави на Меѓународниот состанок на високите претставници задолжени за безбедносни прашања во Санкт Петербург, претседателот на Српска Милорад Додик.

dobivaj vesti na viber

Во својот говор Додик укажа на глобалниот проблем поради политички мотивирани санкции.

„Република Српска е директно изложена на овој вид ризик и е под постојани санкции предводени од САД. Ние правиме се што можеме за да ја заштитиме “, рече Додик, кој беше првиот што зборуваше на Состанокот за безбедност како дел од првата пленарна сесија „Обезбедување информациска безбедност во услови на формирање на полицентричен светски поредок: предизвици и можности“.

Прикажи повеќе...

Свет

Пациентите со задолжително здравствено осигурување во Германија повторно би можеле да плаќаат такса за лекување во ординации

Објавено пред

Во борбата против постојано зголемувањето на трошоците за здравствена заштита во Германија економските експерти предлагаат поголемо учество на обврзниците на здравственото осигурување и повторно воведување надоместоци за здравствена заштита, односно лекување во ординациите на општа пракса, пишува магазинот „Феникс“.

dobivaj vesti na viber

Шефот на Одделот за здравствена компетентност при Институтот за економски истражувања во Рајнише Вестфален Лајбниц (РВИ), Борис Аугурски, за „Билд“ изјави дека укинувањето на здравствената такса во лекарските ординации е грешка.

„Наместо таксата за претходна пракса од десет евра од посета на лекар, подобро е, на пример, да земете пет евра од посета на лекар. Исклучок треба да биде земањето рецепти“, рече Аугурски, пренесува магазинот „Феникс“.

Стефан Грес, здравствен економист од Фулда, се залага за значително зголемување на прагот на придонесот.

Постепено треба да се зголеми од сегашните 62.100 евра годишно на 90.600 евра годишно.

„Тоа значи дека компаниите за здравствено осигурување би можеле да заработуваат околу десет милијарди евра повеќе годишно“, изјави Грес за „Билд“.

Од друга страна, економистот од Фрајбург, Бернд Рафелхусен, повикува на здравствени придобивки независно од платата.

– Доколку сакате да платите помала такса, мора да ја зголемите месечната здравствена такса. Компаниите за здравствено осигурување мора да се вклучат за да им помогнат на луѓето кои не заработуваат доволно, рече Бернд Рафелхузен.

Пациентите со задолжително здравствено осигурување во Германија до крајот на 2012 година требаше да плаќаат квартален надоместок од десет евра за лекување и стоматолошки третман. Таксата беше укината во 2013 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи...

Македонија2 часа

Даштевски: Во првите два и пол часа пријавени се само технички проблеми, кабел или батерија, ги решаваме во од

Ситни техники проблеми околу биометриските уреди се пријавени во првите два и пол часа од гласањето. Претседателот на Државната изборна...

Македонија2 часа

3,85 отсто е одѕивот за гласање во првите два и пол часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Одѕивот на граѓаните во првите два и пол часа од гласањето за избор на претседател на државата на седмите претседателски...

Регион2 часа

Во БиХ уапсени 14 шверцери, превезувале мигранти во Хрватска, заработиле 3 милиони евра

Припадниците на Граничната полиција на Босна и Херцеговина уапсија 14 лица под сомнение дека организирале мрежа на криумчари на илегални...

Свет3 часа

Кина изрази противење на пакет-помошта од САД за Тајпеј

Кина е „одлучно против“ на американскиот пакет за безбедносна помош за Тајпеј во износ од над осум милијарди долари, соопшти ...

Македонија4 часа

Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има...

Регион4 часа

Повеќе од половина Србија обоена во жолто: итно предупредување поради можно невреме

Жолта метеоролошка тревога е на сила на повеќе од половина од териториите во Србија и тоа во Бачка, Банат, Срем,...

Свет4 часа

Американскиот Сенат одобри помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван

Американскиот Сенат усвои закон со кој се одобрува пакетот безбедносна помош за Израел, Украина и Тајван во вкупна вредност од...

Топ4 часа

Маж во САД ги убил сопругата и трите деца, едно дете преживеало

Пет мртви тела, меѓу кои и три деца, се пронајдени во куќа во американската сојузна држава Оклахома. Од полицијата велат...

Македонија4 часа

Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче

Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори. Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за...

Македонија20 часа

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија20 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија23 часа

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија1 ден

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија1 ден

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија1 ден

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет1 ден

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија1 ден

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет1 ден

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија1 ден

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....