Свет
Наводна секс-снимка и слики од синот на Бајден со дрога, објавени на кинеска интернет-страница
Скандалозни, но непроверени снимки и фотографии од Хантер Бајден, синот на поранешниот американски потпретседател и сегашен претседателски кандидат Џо Бајден, беа објавени во неделата.
На снимките и фотографиите Хантер Бајден наводно консумира дрога, поточно крек и се впушта во сексуални активности со наводна проститутка.
Особено интересно е што видеото, кое е компилација од експлицитни снимки и слики, со коментар за истите, го објави непознат корисник на кинеската страница ГТВ, која порано годинава беше основана од поранешниот шеф на предизборниот штаб и поранешен главен советник на претседателот Доналд Трамп, Стив Бенон, и кинескиот милијардер Гуо Венгуи, кој во 2014 побегна од Кина во САД поради обвинение за голем број кривични дела, претежно од финансиска природа. Гуо оттогаш се претставува како укажувач и дисидент, а очигледно е и дека станал близок соработник на сојузникот на Трамп и жестокиот критичар на кинескиот режим Стив Бенон. Во меѓувреме, ГТВ Медиа груп исто така се најде под истрага на ФБИ за сомнителни извори на финансирање.
Не е познато дали скандалозните снимки и фотографии потекнуваат од т.н. „лаптоп од пеколот“, како што Бенон и адвокатот на Трамп, Руди Џулијани, го опишаа компјутерот за кој тие тврдат дека им го предал сопственик на компјутерски сервис во Делавер, каде што наводно Хантер Бајден го оставил лаптопот на поправка, по што никогаш не се вратил да го земе.
.@RudyGiuliani tells Newsmax that Hunter Biden had numerous pictures of “underage girls” on the laptop that reportedly belonged to him and that he has turned them over to the Delaware State Police.pic.twitter.com/pu6rNYTlV9
— Daily Caller (@DailyCaller) October 21, 2020
Во коментарот за објавеното видео, како што објави конзервативниот американски портал „Вашингтон егземинер“, меѓудругото се тврди дека кандидатот за претседател на САД, Џо Бајден е 100% контролиран од кинеската Комунистичка партија, чија цел е „ослабување, уништување и убивање на Америка“.
Содржината беше објавена и на социјалната платформа за дискусии и споделување на вести „Редит“, но таму сите објави со видеа или слики од истата беа брзо отстранети поради правилата на таа мрежа, односно забраната за „недоброволна порнографија“.
Новата објава сама по себе не е толку изненадувачка за оние што го следат скандалот со електронската пошта и лаптопот, чија содржина Џулијани и Бенон наводно ја добиле од сопственикот на сервисот по име Џон Пол Мекисак и потоа стратешки ја пласираа на конзервативните американски медиуми неколку недели пред изборите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ЕУ и Кина повикаа на воздржаност на Блискиот исток
Кина објави дека се противи на каква било ескалација на тензиите на Блискиот Исток.
„Кина се противи на какви било активности кои би можеле дополнително да ги ескалираат тензиите“, изјави денеска Лин Џијан, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.
Реагираше и претседатката на Европската комисија, Фон дер Лајен.
Таа ги повика Иран, Израел и нивните сојузници да се воздржат од ескалација на ситуацијата на Блискиот Исток.
„Апсолутно е неопходно регионот да остане стабилен и сите страни да се воздржат од понатамошни активности“, рече Урсула фон дер Лајен.
Претходно утрово, светските медиуми објавија дека Израел го нападнал Иран и дека се слушнале три експлозии во близина на воена база во централниот град Исфахан.
Сепак, засега нема официјални информации од двете држави за тоа што се случувало.
Свет
Разузнавачки извор за Си-ен-ен: Директните напади меѓу Израел и Иран завршија
Регионален разузнавачки извор рече дека директните напади меѓу Израел и Иран се завршени.
Изворот разговарал за Си-ен-ен под услов да остане анонимен околу два и пол часа по објавувањето на нападите. Изворот вели дека, според неговите сознанија, не се очекува Иран да одговори на нападот, но не наведе причина.
Претходно и висок ирански функционер изјави за „Ројтерс“ дека „Иран нема план за итна одмазда против Израел“.
Израел сѐ уште не потврдил дека го извршил нападот врз Иран, а тврдењата за нападот дојдоа од Вашингтон.
Од друга страна, од Иран доаѓаат контрадикторни информации, но нема официјален извештај.
Пред само еден час ирански аналитичар изјави за иранската државна телевизија дека „мини дроновите соборени од противвоздушната одбрана во Исфахан биле управувани од инфилтратори од Иран“.
Претходно, пак, ирански функционер изјави за „Ројтерс“ дека немало ракетен напад и дека експлозиите биле резултат на активирање на иранските системи за противвоздушна одбрана.
Свет
Украина тврди дека соборила руски бомбардер
Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека собориле руски стратешки бомбардер првпат од почетокот на руската инвазија, а Москва објави дека авионот се урнал поради технички дефект и дека еден член на екипажот загинал.
„Првпат противвоздушните ракетни единици на Военото воздухопловство во соработка со одбранбеното разузнавање на Украина го уништија стратешкиот бомбардер со долг дострел ‘ту-22М3’, кој носи крстосувачки ракети ‘Х-22’“, изјави командантот на украинските воздухопловни сили на „Телеграм“.
Украинската воена разузнавачка служба (ГУР) соопшти дека рускиот авион „бил соборен благодарение на специјалната операција спроведена од украинското одбранбено разузнавање во соработка со воздухопловните сили“.
Руското Министерство за одбрана не потврди дека украинската страна нападнала еден нејзин авион, но воен извор изјавил за новинската агенција ТАСС дека бомбардерот „туполев-22М3“ се урнал во регионот Ставропол по борбена мисија додека се враќал во базата. Според овој извор, авионот не носел оружје.