Свет
Над 49 милиони луѓе го гледале интервјуто на Хари и Меган
Повеќе од 49,1 милиони луѓе ширум светот го гледале интервјуто на Опра Винфри со британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл на телевизија или преку платформа за стриминг, објави американската телевизиска мрежа ЦБС.
Си-би-ес наведува дека бројот на гледачи продолжува да расте и додава дека в петок повторно ќе го емитува интервјуто во САД, пренесува „Ројтерс“.
Во интервјуто, војвотката од Сасекс рече дека некои членови на кралското семејство прашале колку ќе биде темна кожата на нејзиниот син Арчи, со оглед на нејзиното мешано расно потекло.
Британското кралско семејство, пак, соопшти дека е се тажни откако дознале за искуствата на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл наведувајќи дека ќе ги разгледаат прашањата поврзани со расата за кои парот зборуваше во интервјуто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.