Свет
Над 90 уапсени на протестите против Трамп во Вашингтон
Повеќе од 90 лица се уапсени во Вашингтон која на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп демонстрантите се судрија со полицијата, соопшти во петокот полицијата на сојузната престолнина.
Маскирани активисти недалеку од Капитол Хил протестираа вандалски кршејќи излози на дуќани и ресторани. Носеа анархистички знамиња и натписи како „Придружете му се на отпорот, возвратете го ударот сега“. Полицијата во зауздувањето на безредијата користеше солзавец, пренесува CNN.
„Приведовме 95 лица“, изјави портпаролот на полицијата во Вашингтон, каде 400 до 500 демонстранти ги гаѓаа припадниците на интервентната полиција со најразлични предмети во близина на Белата куќа.
Околу 500 луѓе, од кои некои маскирани, по инаугурацијата маршираа низ центарот на Вашингтон и со чекани ги искрпија излозите на „Bank of America“ и „McDonald’s“, кои се меѓу симболите на американскиот капитализам, пренесува AFP.
Судирот избувна откако Трамп ја положи заклетвата, кога околу стотина лица барале од полицијата да ги ослободи уапсените насилни демонстранти и ги гаѓале со камења и шишиња полицајците кои возвратиле со солзавец и шок бомби.
Активистите кои себеси се опишуваат како либерални, пред инаугурацијата повремено го блокираа патот на групи од приврзаниците на новиот републикански претседател кои се упатиле на церемонијата на Капитол Хил.
На еден од транспарентите кои ги носеа демонстрантите пишуваше „Да ги направиме расистите повторно престрашени“, алудирајќи на слоганот на Трамп- „Да ја направиме Америка повторно голема“.
Организаторката на демонстрантите во организација на Dispurt Ј20, 28-годишната али Меккрејкен од Вашингтон, истакна за медиумите дека групата го изразува своето незадоволство од коментарите на Трамп за жените, илегалните имигранти и муслиманите.
Еден од најголемите протести против Трамп ќе го организира движењето ANSWER (Act Now to Stop War and End Racism), кое е финансирано од фондацијата Progress Unity Fund е организација којашто не се оданочува, и во САД е регистрирана според истата класификација како и Црвениот крст. Официјалната мисија на организацијата е „обезбедување прогресивна алтернатива на мејнстрим хуманитарните активности. Оваа коалиција очекува да собере илјадници луѓе кај споменикот на американската морнарица на патотн акој минува свечената поворка.
На улиците на Вашингтон,како противтежа на првите. ќе излезат и мотоциклистите од движењето „Bikers For Trump“, чиј лидер Крис Кокс, пред неколку дена изјави дека неговата организација со неколку стотици илјади членови е подготвена да направи жив ѕид за заштита на граѓаните кои ќе присуствуваат на инаугурацијата на избраниот американски претседател Доналд Трамп на вашингтонски Капитол Хил
Манифестација ќе одржат и активистите за легализирањето на марихуаната, кои планираат да поделат 4.200 џоинти.
Во Вашингтон се одржуваат најголемите протести против Трамп, а најавени се и во други големи градови на САД. Дозволи за нив добиле 30 групи, а според најавите на самите организатори властите велат дека очекуваат околу 270.000 луѓе.
Најголемите протести се очекуваат во сабота на Женската поворка во Вашингтон,а на него се најавени од страна на организаторите 200.000 луѓе, но медиумите изразуваат сомневања во таквата масовност./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во Атина: Се запали станбена зграда, пет противпожарни возила на лице место
Пожар избувна на високо приземје на станбена зграда во атинската населба Ризуполи. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, на лице место излегле 16 пожарникари со пет возила.
Мобилизирани се и два камиони со скали, доколку е потребно да се евакуираат станарите од горните катови.
Свет
Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.
Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.
Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.
Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.
Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.
Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.
Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.