Свет
Нападната најголемата австриска новинска агенција АПА
Нападната е најголемата австриска новинска агенција АПА, пренесуваат австриски медиуми. Исто така, сè уште не е познато кој го извел неодамнешниот напад на австриското Министерство за надворешни работи.
Според информациите на виенскиот дневник „Кронен цајтунг“, непознати лица уште во ноември минатата година го нападнале ИТ-системот на АПА. Хакери се обиделе да ја прекинат работата на АПА.
„По нападот следел таканаречен „рансомвер“, потврдил портпаролот на АПА.
Конкретно се работело за напад на софтверот, кој со шифрирање на интерниот ИТ-систем се обидува да ја спречи работатат на компјутерскиот систем.
Потивите за нападот сè уште не се познати, а агенцијата поднела пријава до Сојузната климиналистичка служба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.