Свет
Нападнати руски аеродроми, има повредени и загинати
Киевскиот режим изврши напад врз руските воени аеродроми во регионите Саратов и Рјазан, воздухопловните сили ги пресретнаа овие беспилотни летала, соопшти прес-службата на Министерството за одбрана.
„Утрово, 5 декември, режимот на Киев, за да ги онеспособи руските авиони со долг дострел, се обиде да изврши напад со млазни дронови од советско производство на воените аеродроми ‘Дијагилево’ во Рјазанската област и ‘Енгелс’ во регионот Саратов.
Според извештајот, воздушната одбрана на руските воздушни сили ги пресретнала овие украински беспилотни летала, кои летаат на мала височина.
Во нападот на вооружените сили на Украина загинаа тројца руски војници, а четворица беа повредени.
Како резултат на падот и експлозијата на фрагменти од украински беспилотни летала на руските аеродроми, лесно е оштетена облогата на трупот на два авиона, пренесе „Новости.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.