Свет
Напад со експлозив на затвор во Нигерија, побегнале стотина затвореници
Стотина осуденици побегнале од затвор во Нигерија откако, според сомнежите, припадници на Боко харам извеле напад со експлозив на затворот, пренесува „Гардијан“. Одговорноста за нападот ја презела Исламска држава.
Ослободени се 600 од 994 затвореници, соопштија властите во Нигерија.
Повеже од 300 бегалци набрзо биле фатени, но останатите и понатаму се на слобода и по нив се трага, изјавил нигерискиот министер за одбрана – Башир Магаши.
Во нападот е убиен еден чувар, а тројца се повредени.
Очевидци кои живеат во близина на затворот рекле дека нападот траел повеќе од еден час.
Одговорност за нападот ја презема ИД, соопштено е преку каналот „Телеграм“, пренесува „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.