Свет
Напад со нож пред болница во Шкотска, убиени три лица
Три лица се убиени во Килмарнок во Шкотска, две од нив во напад со нож во близина на болницата, соопшти полицијата.
Како што наведе полицијата, 39-годишна жена, медицинска сестра вработена во болницата, починала на паркингот на универзитетската болница кога била најдена со тешка повреда. Таа починала и покрај лекарската интервенција на самото место.
По само 20 минути, друга жена на 24-годишна возраст, била избодена со нож во градот Аиршир и била итно пренесена во болница со возило на брзата помош, каде што подоцна починала.
Медиумите пренесуваат дека се работи за мајка и ќерка, Ема Робертсон Коупленд (39) и Никол Андерсон (24). Полицијата сè уште не го потврдила нивниот идентитет.
Подоцна 40-годишен маж загина кога со автомобил удрил во надвозник. Полицијата верува дека трите случаи се поврзани, но дека не се работи за тероризам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.