Свет
Научниците со нови сознанија: Омикронот можеби презел дел од генот на вирусот на настинката
Новиот сој на коронавирус, омикрон, можеби стекнал барем една од неговите мутации со собирање фрагмент од генетски материјал од друг вирус – веројатно оној што предизвикува обична настинка – присутен во исто време кај заразените клетки, велат американските научници.
Тие објаснуваат дека оваа генетска секвенца не се појавува во ниту една претходна верзија на коронавирусот, но е присутна кај многу други вируси, вклучително и оние кои предизвикуваат настинки, а исто така и во човечкиот геном.
„ Со вклучување на тој клип во сопствената структура, омикронот би можел да изгледа „почовечки“, што би му помогнало да избегне напад од човечкиот имунолошки систем“, наведува Венки Соундарарајан, од компанијата за анализа на податоци со седиште во Кембриџ.
Ова може да значи дека вирусот полесно се пренесува и предизвикува само блага или асимптоматска болест.
Научниците сè уште не знаат дали омикронот е позаразен од другите варијанти, дали предизвикува потешка болест и дали ќе ја потисне делтата како најраспространета варијанта. Можеби ќе бидат потребни неколку недели за да се одговори на овие прашања.
Според претходните студии, клетките во белите дробови и гастроинтестиналниот систем можат истовремено да бидат „домаќини“ на вирусот САРС-КоВ-2 и вирусот на настинка.
Таквата ко-инфекција создава услови за вирусна рекомбинација, процес во кој два различни вируси во иста клетка домаќин комуницираат еден со друг за да се копираат, создавајќи нови копии кои го имаат генетскиот материјал на двата „родитела“.
Оваа нова мутација најпрво би можела да се појави кај лице заразено со двата патогени кога варијанта на вирусот САРС-КоВ-2 ја „собрала“ генетската секвенца на друг вирус, појаснуваат научниците во студијата која сè уште не е разгледана.
Јужна Африка, каде што првпат беше идентификуван омикронот, има највисока стапка на ХИВ во светот, што го ослабува имунолошкиот систем и ја зголемува подложноста на лицето на инфекции со вируси на настинка и други патогени.
Има многу луѓе во тој дел од светот кои можеби имале рекомбинација што го вовела тој сеприсутен сет на гени во омикронот, рече Соундарарајан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.