Свет
Најлош ден во Италија – за еден ден од коронавирус починаа 969 луѓе
Во изминатите 24 часа во Италија починале 969 луѓе од коронавирус, а заразени се нови 5.909. Тоа е најголем број починати лица како последица на коронавирусот во еден ден во оваа земја.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, бројот на починати сега достигна 9.134.
Вчера дојде до конфузија со бројот на починати на дневно ниво бидејќи, поради техничка грешка, беше објавен погрешен податок, така што првично беше објавено дека се починати 662, а подоцна тој број беше променет на вкупно 712.
Податоците во официјалната објава на италијанските власти, сепак, не се менуваа, туку во денешната објава на бројот на починати во последните 24 часа, кој изнесува 919, се додадени и тие 50, кои вчера не беа пресметани.
Во Италија дури 10.950 луѓе се хоспитализирани во болниците по заразата со коронавирус, а 3.732 се на интензивна нега.
Особено е тешка состојбата во Ломбардија, каде што со последните 24 часа починале 541 човек.
Во средата во Италија починаа 683 луѓе, во вторникот 743, а во понеделникот 602. Во неделата починаа 650, а во саботата рекордни 793.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.